Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Директорот г-дин Даријан Сотировски го прими Деканот на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски
На 05.03.2018 година директорот на КОВЗРГ во својот кабинет го прими почитуваниот декан на Богословскиот факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. На средбата се разговараше за прашања во взаемен интерес, како и за продлабочувањето на соработката.
 
 
Директорот Сотировски ги истакна своите ставови во однос на интеграцијата на верските образовни институции во редовниот образовен систем во државата.
Притоа додаде, „Младите богослови, теолози се столбот на кој можеме да го потпреме нашиот духовен и културен развој во декадите кои што доаѓаат, тие млади луѓе заслужуваат многу подобар третман од државата, и бидете сигурни ќе го добијат“. 
 
 
Деканот прод. д-р Ѓорѓевски ги образложи актуелните отворени прашања со кои се соочува факултетот. Упати срдечни честитки за именувањето на новиот директор, а притоа ја потврди својата отворена поддршка и соработка по сите заложби во интерес на граѓаните.