Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Комуникација и соработка на комисијата со други држани органи

При извршувањето на своите задачи и разрешувањето на прашањата кои се поја­ву­ваат помеѓу вер­ски­те заедници и ре­лигиозни групи во Република Македонија и државните органи, Комисијата остварува комуникација и со­работка со повеќе државни органи, меѓу кои со:

  • Ми­ни­­стерство за финансии - во врска со остварувањето на правата на вер­­­ските заедници кои про­­излегуваат од финансиската регулативе на РМ;

  • Министерство за култура - се овозмо­жува верските за­­ед­­ници да користат средства и техничка помош при реновирање на културните - верски објекти во РМ;

  • Министерство за наука и образо­вание - подобрува­ње на позицијата и со­­ра­ботката со образовните институции на Македонската православна црк­ва, Исламската заедница и Католичката црква со средношколскиот и висо­ко­школскиот обра­зовен систем на Република Македонија.

  • Министерство за труд и социјална политика и со Фонд за пензиско и инвалидско оси­гу­ру­ва­ње - обиди за изнаоѓање на ре­ше­ние на пробле­мот со пен­зис­ко­то  оси­­гу­ру­ва­ње на свештениците.

  • Министерство за надворешни работи
    - Во врска со контактите со Ми­ни­­стер­ства за религија, дирекции, уп­ра­­ви и комисии на други земји и нивни дип­ло­мат­ски прeт­став­ништва во нашата земја, како и наши дип­ломатски прет­став­ништа во странство, кои можат да придонесат за подобрување на пози­ции­те и соработката со верските заедници во РМ. 
    - Соодветна презентација на положбата на верските заедници во РМ преку промоција на реалните вредности на меѓурелигискиот дија­лог, толеранција и висок степен на соработка.

  • Министерство за внатрешни работи - во врска со остварувањето на пра­­ва­­та кои произлегуваат од укажувањето на слободата на веро­исповедта, а се повр­за­ни со непо­сред­ната примена и практикување на верата. Тоа е комп­­лекс на пра­шања сврзани со јав­ниот ред и мир, со изведу­вањето на вер­­ски обреди, од­нос­но прашања кои се во надлеж­ност на Комисијата. Ко­ми­­си­ја­та во содејство со овој орган овозможува остварување на дел од пра­вата на граѓаните во врс­ка со вршењето на вер­­ските обреди (обезбедување на безбед­но­ста на животот и имотот на граѓаните), на јав­ни­от ред и мир, ка­ко и прашањата поврзани со пре­сто­јот на странците, особено на странци кои извршуваат верска поука, а се по­канети од определена верска за­едница или религиозна група во РМ.