Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

по повод големиот христијански празник свети климент охридски директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки до поглаварот на мпц-оа НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО гг стефан.

 

 

 

ДО

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г.Г СТЕФАН
                
Ваше Блаженство,

 

 

            Дозволете ми во мое лично име и во името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ.

Патронот на нашата Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Свети Климент Охридски е несомнено најсветлата личност од нашата историја, чие дело и слово, зрачи и ги облагородува сите генерации. Неговото творештво, создавањето на кирилицата, како и целокупната негова црковна, педагошка, книжевна и преведувачка дејност, претставуваат светол пример за тоа како се сака и како се чува идентитетот на македонскиот народ.

Силата на ова слово втемелена во неговиот лик и мисија претставува најцврстиот бедем на спасоносното дело на македонските светители, духовна азбука, која и денес продолжува да биде светла патека по која чекорат многу народи во светот.

Токму затоа, во овие празнични мигови, во годината кога славиме јубилеј 11 века од неговото упокојување, да ја упатиме големата македонска мисија кон доброто за сите народи, зацврствување на вербата во Бога со големата потврда дека Македонија е и продолжува да биде голем светилник во големото ев­роп­ско семејство со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува овој голем светец.

Уште еднаш упатувам честитки до Вас и до сиот македонски на­род со желба да останеме нераскинливи во големото христијанско срод­ство - Светиклиментово.

                                                                                

                                                                                                                                                       

       Директор
 Проф. д-р Валентина Божиновска