Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

ДИРЕКТОРОТ ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО -ВЕЛИГДЕН УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО БИСКУПОТ СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ ВО МАКЕДОНИЈА Г КИРО СТОЈАНОВ

 

 

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

БИСКУПОТ СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ ВО МАКЕДОНИЈА Г. КИРО СТОЈАНОВ,

СВЕШТЕНСТВОТО И МОНАШТВОТО НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД

 

Почитувани,

 

Дозволете ми на овој светол празничен ден, да Ви испратам срдечни честитки по повод најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден. Посакувам во овие возвишени моменти вашите срца да бидат исполнети со голема радост и мир.

 

Христовото Воскресение – Велигден е празник на победата на доброто над лошото, празник на повторно испружената рака на Бога кон човекот. Ова е ден кога смртта е поразена и на човекот му се нуди живот вечен.

 

Денес да се потсетиме на зборовите на Светиот Папа Јован Павле II кој ни ја даде една од најголемите поуки на современото општество: „Почитувајте го животот, сечиј човечки живот, бранете го, сакајте го и служете му! Само на тој пат ќе најдете правда, развој, вистинска слобода, мир и среќа.“ Доследното почитување на овие зборови ќе овозможи вистинска благосостојба во нашата татковина и насекаде во светот. 

 
Честит празник,

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА.

 

 
Со почит,

 
Директор

 

М-р Даријан Сотировски