Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

27.08.2018г.директорот на ковзрг м-р Даријан сотировски по повод големиот празник Успение на пресвета богородица упати телеграма со честитки до поглаварот на МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ  Г. Г. СТЕФАН

 

 

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ


Ваше Блаженство,

Ми претставува особена чест и задоволство од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име, во овие празнични мигови да Ви упатам Вам, на членовите на Светиот Синод, и на сите православни граѓани во нашата држава, искрени честитки по повод големиот празник-Успение на Пресвета Богородица.

На денот посветен на Богомајката да размислиме за нејзиниот подвиг и мајчинската пожртвуваност. Да се сетиме на Божјите заповеди да ги љубиме ближните како себеси и да не им го правиме на другите она, што не сакаме нас да ни го прават. Да создаваме општествена заедница која ќе почива на овие вредносни постулати. Гласно нека одекнуваат зборовите на Евангелието: „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“ ; „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата“.

 

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК И НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИН
          

 

         Директор          

   М-р Даријан Сотировски