Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

прес конференција на која е претставена програмата за одбележување на милениумскиот јубилеј „1000 години од формирањето на Охридската архиепископија“.

Денес од Охрид  на прес конференција за медиумите директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-дин Даријан Сотировски, градоначалникот на општина Охрид г-дин Јован Стојаноски, шефот на оркестарот на Македонската филхармонија г-дин Горан Муратовски и претставник на Македонската Православна Црква – ОА,  о. Бобан Митевски  оддржаа заедничка прес конференција во која ја претставија програмата за одбележување на милениумскиот јубилеј „1000 години од формирањето на Охридската архиепископија“.

Програмата е сочинета од низа настани кои треба да се случат во периодот од мај до докември.

Државата треба достојно да ги одбележува сите историски значајни настани, а тоа е во јавен интерес. Составена е програма која е прилагодена за различни интересовни и возрасни групи. Во програмата има културни, научни, уметнички како и спортски настани, издавање на публикации кои ќе наидат на голем интерес кај граѓаните, настани кои сметаме дека ќе го приближат  значењето на Охридската архиепископија до граѓаните.

Ги покануваме граѓаните од целата држава да го посетат градот Охрид за време на централната свеченост и да бидат дел од одбележувањето на милениумскиот јубилеј. На 27 мај во Катедралниот храм на охридските архиепископи Св. Софија ќе се одржи свечена академија, во покровителство на претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, а пригодни обраќања ќе има државниот и црковниот врв. Вечерта ќе се одржи и свечен концерт на камерниот оркестар на Македонската филхармонија. На 28 мај во храмот Св. Софија со почеток во 9 часот ќе започне литургиското чествување, чиноначалствувано од Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ-ОА, свештенството и монаштвото. Градот Охрид програмата ја надополнува и со културни настани кои ќе се случуваат во периодот од 24 мај до 28 мај во центарот на Охрид.