Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

07.09.2016г.Свечена академија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје по повод прогласувањто на Мајка Тереза за Светица.

 


На академијата говори одржаа директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Проф.д-р Валентина Божиновска, Продеканот  на Филозофскиот факултет д-р Ратко Дуев, Раководотрлот на Институтот Мајка Тереза при Филозофскиот факултет д-р Јован Пејковски и  Шефот на Катедрата за социологија Проф.д-р Заоран Матески.



Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи проф.д-р Валенитна Божиновска во својот говор меѓу другото кажа:

Светицата Мајка Тереза имаше длабока почит кон луѓето, кон нивната вера и религија. Со право американскиот претседател Роналд Реган во една реплика ќе рече дека таа е „икона на добриот самарјанин“, која се наведнува кон секој гладен, жеден, болен, осамен и сиромашен, нудејќи му ја својата помош, токму како во исусовата парабола. Едно такво светило на светот се роди во нашава, библиска Македонија, колевка на хуманоста и на духовниот мир на сите цивилизации. Нејзините роднокрајски корени се длабоко испреплетени со напатеноста, духовноста и истрајноста на овој народ и како такви вградени во духовниот код на човештвото. Од секој камен, од секој дел на Македонија зрачи надежта и пулсира светоста на Мајка Тереза. Посебно од Скопје, нејзиниот дом во кој таа го доживува своето полнолетство и во кој многупати ќе се навраќа исполнувајќи се со добрина, љубов и светост. Оттука, како сведок на многу воени пустошења и страдања од балканската крвава историја на почетокот од минатиот век, со огромна божествена сила и жед за божја љубов, ќе го започне својот митски поход на добрината и милосрдието. Заминува за мистичната Индија, од каде целиот свет ќе дознае за нејзината хуманост.

Тереза!

Навистина, целиот свет ја позна светицата Мајка Тереза, а како и секој светец празнината и темнина која таа ја чувствуваше во душата беа радосниот крст на страданието, најубавиот дар од Бога. Само срцето кое е во темнина може да го види Бог, а оној кој помага, кој се жртвува, тој е син Божји, светец во темнина. Затоа, бесмртни ќе останат нејзините молитвени зборови: „Доброто што го правиш, утре ќе биде заборавено. Не е важно, биди искрен! Чесноста и искреноста ќе те направат ранлив. Не е важно, создавај!

Светот ја почуствува, препозна и призна големината на овој Ангел на хуманоста. И со право, светицата Мајка Тереза го завзеде овој престол, веднаш до Бога, да сее светлина од небото. Постојано да ни биде силен поттик да правиме не само добри дела, туку дела исполнети со голема љубов.