Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Даријан Сотировски, директор на КОВЗРГ на средба со г-ѓа Берта Романо Николиќ претседател на Еврејската заедница во Република Македонија




На 01.03.2018 година во седиштето на ЕЗРМ во Скопје, директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски оствари средба со г-ѓа Берта Романо Николиќ претседател на Еврејската заедница во Македонија.


На средбата беше разговарано за состојбите и околностите во кои работи еврејската заедница во нашата држава. Беше акцентирана потребата од афирмација на еврејската култура и спречувањето на сите појавни форми на дискриминација и семитизам во нашето општество. Директорот Сотировски истакна дека КОВЗРГ ќе продолжи да работи за унапредување на човековите слободи и права и сервисно ќе одговори кон задоволување на потребите и отстранување на проблемите со кои се соочува оваа заедница. Претседателката Романо Николиќ истакна дека ЕЗРМ посветено работи кон запознавање на јавноста, односно граѓаните припадници на различните заедници со вредностите и културата на Евреите во Република Македонија. Особено го истакна како значаен претстојниот настан кон средината на месец март кога во Македонија ќе бидат одбележани 75 години од Холокаустот на македонските Евреи.