Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

26.10.2012 г.Обединетата македонска дијаспора ја повикува меѓународната заедница, Обединетите нации, Европската унија и останати организации како што се Амнести интернешнал и Хјуман рајтс воч најостро да ја осудат долгогодишната политика на Грција на негирање верски слободи, со што воедно и ги прекршува меѓународните договори за заштита на човековите права кои земјата ги има потпишано пред речиси 60 години.

Грција е единствената земја-членка на ЕУ во која не постои вистинска поделба помеѓу црквата и државата. Грчката православна црква е претпријатие спонзорирано од државата, а свештениците се номинално сметани како јавни службеници. Но, во практика всушност тие дејствуваат како политички инструменти за државна опресија, велат од ОМД.

Дури и пред анексирањето на македонска територија од страна на Грција во 1913 година, Грчката православна црква активно го потпомагала сузбивањето на сите етнички и верски малцинства во земјата, особено на македонската заедница во Егејска Македонија. Еден добро познат тековен пример за оваа нејзина политичка функција се и радикалните проповеди на митрополитот Антимос од Солун, кои редовно се емитуваат на националната телевизија. Покрај останатите коментари на омраза, тука спаѓа и неговиот јавен повик за уништување на македонска радиостаница.

Иако грчкиот устав предвидува верска разноликост, државата во практика не им ги гарантира тие права на своите граѓани. Сите нови верски организации подлежат на државна регистрација за да добијат легален статус, а потребна им е и согласност од претставник на Грчката православна црква. Овој процес е осмислен така што гарантира дека таква регистрација нема никогаш да се случи.

Грчката влада официјално го негира постоењето на бројното македонско малцинство, па така македонските верски лидери како архимандритот Никодим Царњас се тепани и апсени од страна на државните органи.