Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

По повод прогласувањето на скопјанката Мајка Тереза за светица, од 4 до 11 септември во Скопје ќе се одржи Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“.


 Програмата за ова одбележување беше претставена на прес-конференцијата што денеска /26.08.2016 година/, токму на родениот ден на Мајка Тереза, се одржа во просториите на Град Скопје, а на која се обратија градоначалникот Коце Трајановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.

 



Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, денеска појасни дека програма за Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ ќе се одвива во тек на 7 дена и ќе опфати многубројни активности. - Мајка Тереза ги обедини љубовта и хуманоста. Нашата сограѓанка, скопјанката Мајка Тереза токму од Скопје тргна кон Индија и ја почна својата хумана мисија. Скопје со гордост го чествува нејзиното дело. Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на градот стана многу важен културен сегмент, со најголем број посетители. Папата Франциск на 4 септември во Рим ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица, а веднаш потоа во капелата во нејзината Спомен куќа во Скопје ќе се одржи свечена св. Евхаристија во чест на новата светица. Истиот ден, во 19:30 часот во црквата „Св. Станислав“ во Рим ќе се одржи изложба во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза. Седумдневното чествување по повод канонизацијата на Мајка Тереза ќе заврши на 11 септември со централен настан на плоштадот „Македонија“ – рече Божиновска.









                                                 Програма

   Татковинска прослава по повод канонизацијата на Мајка Тереза

                        „ДЕНОВИ НА СВ. МАЈКА ТЕРЕЗА“

 

Недела, 04.09.2016 г.

o        Веднаш по прогласувањето - Свечена св. Евхаристија во чест на новата светица во капелата во Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

o        19:30 - Изложба во Црквата „Св. Станислав“ во Рим во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

 

 Понеделник, 05.09.2016 г

o        08:00 – 17:00 - Адорација во Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

o        18:00 - Св. Миса во Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје.

o        20:00 - Доделување на благодарници од страна на Граѓанската асоцијација „Мајка Тереза“. Настанот ќе се одвива во Амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза. Прикажување филм за Мајка Тереза од Стојан Тренчевски и Кирил Узунов.

 

 Вторник, 06.09.2016 г.

o        11:00 - Свечена Академија во МАНУ.

o        18:00 - Св. Миса во Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје.

o        20:00 - Изложба и прикажување на филмови во Музејот на Град Скопје во организација на Сестрите Мисионерки на Љубовта.

 

 Среда, 07.09.2016 г.

o        11:00 – Пригодна академија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во продолжение прикажување филм за Мајка Тереза

o        13:00 – Посета на Старски дом „Мајка Тереза“ од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Скопската бискупија. Предавање за значењето на палиативната медицина и Мајка Тереза во организација на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, Скопје. 

o        18:00 – Св. Миса во Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје.

 Четврток, 08.09.2016 г.

o        18:00 – Св. Миса за Татковината во Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје.

 

 

Петок, 09.09.2016 г.

o        9:30 - Ден на Каритативно – хуманитарните организации. Храна за бездомниците – Момин поток, во организација на Црвениот крст и останатите хуманитарни организации во Македонија.

o        16:00 – Духовна средба на Бога посветените лица во Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје.

o        18:00 – Св. Миса во Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје.

o        20:00 – Клапа св. Јурај – Концерт во организација на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија.

 

 Сабота, 10.09.2016 г.

o        10:00 - Хуманитарна берберска акција во Посебното основно училиште „Иднина“, општина Чаир, Скопје.

o        10:00 - Ранливи групи во потреба од брза медицинска интервенција во организација на Црвен крст на град Скопје.

o        10:00 – „Круг на хуманитарност“ пред Спомен куќата на Мајка Тереза во организација на Министерство за образование и наука и Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

o        12:00 - Ликовна колонија пред Спомен куќа на Мајка Тереза во организација на Министерството за образование и наука и Спомен куќа на Мајка Тереза.

o        18:00 – Св. Миса – Катедралата „Свето Срце Исусово“, Скопје. Предводи монс. Станислав Хочевар, белградски надбискуп.

o        19:30 Бдеење: Обраќање на сестра Марија Према, генерална настојателка на Сестрите Мисионерки на Љубовта и на монс. Станислав Хочевар, белградски надбискуп.

 


Недела, 11.09.2016 г.

o        09:00 – Духовна програма на плоштадот Македонија на местото на родната куќа на Мајка Тереза.

o        09:50 - Процесија

o        10:00 - Понтификална св. Миса на плоштадот Македонија,

o        Обраќање на Покровителот на Татковинската прослава: „Денови на св. Мајка Тереза“.

o        11:45 – Прогласување на Светилиште на св. Мајка Тереза.

o        12:00 - Доделување на медали на: Покровителот, Папскиот делегат, Сестра Према и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи