Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска по повод раѓањето христово- божиќ упати телеграма со честитки до претседателот на евангелско-методистичката црква во р.м. г-дин емил заев

 

ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседател Г-дин Емил Заев     

 

 

 
Почитуван г-дин Заев,

 

      Во овие возвишени и среќни празнични денови дозволете ми Вам лично, на свештенството и на верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод празникот РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО-БОЖИЌ.

И оваа година го славиме Божиќ во духот на мирот и заед­ништ­вото, поттикнати од идејата за зачувување и негување на нај­ви­соките човечки вредности, во што особен придонес има  Еван­гел­ско-Методистичката Црква, која во нашата земја како и во целиот свет ги афирмира највисоките духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верни­ци кон нивна подобра и посреќна иднина. Отварањето на срцата на милиони луѓе да ја примат божјата љубов која најмногу зрачи на овој ден, претставува вистински предизвик и мисија која треба сите заедно да ја остваруваме и негуваме понатаму.

Раѓањето Христово е чудо над чудата, празник над сите праз­ници. Денот на Неговото Раѓање е ден кога голема радост му се објави на светот. Прво скришно во пештерата во Витлеем, а по­тоа и во целиот свет одекна големата вест и ја поттикна верата осветлувајќи го секое човечко срце. Само пре­ку божјата љубов и споделување на радосната вест за Хрис­то­вото раѓање можеме да ги отво­ри­ме нашите срца и да го разбудиме духовниот извор на спасението. Се­кој од нас е божје чедо и ја поседува најголемата дарба, а тоа е да се радува на божјата љубов.

Затоа, за време на Божиќ, во молитвите, да ја разбудиме бескрајната љубов која денес му се откри на човекот, и во духот на ми­рот и заедништвото да се исполниме со евангелска љубов и бо­жиќ­на радост. Да се поклониме пред новородениот Спасител и за­ед­но со ангелите да запееме: „Слава на Бога во височините, на зем­јата мир и меѓу луѓето добра волја”.

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!                        

 

 

                             Директор,

                                                    Проф. д-р Валентина Божиновска