Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Католичка Црква во РМ



 

КАТОЛИЧКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

Почетокот на христијанството во Македонија Христијанството во Македонија започнува уште од времето на апостолите, кога самиот апостол Павле 51 година пристигнува во Македонија. Впрочем, додека св. Павле бил во Троада Мала Азија, ноќта на сон му доаѓа еден Македонец и го моли велејќи: „Дојди во Македонија и помогни ни“ (Дела 16,9).

По втор пат христијанството започнува да се шири во Македонија со доаѓањето на новите народи на Балканот, пред сe, Словените. Започнува во VII и го достигнува својот врв во IX век во времето на Светите браќа Кирил и Методиј, кои даваат свој белег и ги поставуваат темелите за натамошниот развој на словенската култура. Делото на Светите Браќа го продолжуваат нивните ученици Климент и Наум, кои ја втемелија првата словенска епархија на Балканот, односно Охридската епархија.
Во времето на Самуиловото царство и создавањето на јужнословенските епархии створена е и Охридската архиепископија чија автокефалност се одржува сe до 1767 година, кога Турците, под влијание на Цариградската патријаршија, ја укинуваат. Оттогаш во Македонија започнува и движењето за ослободување и осамостојување на национално и црковно поле.
Во Македонија постојат сега две Црковни Институции (Епархии) и тоа: за католиците од Римски обред, Скопска Бискупија, и за католиците од од византиско-словенски обред, Апостолски Егзархат, со седиште во Струмица.

Божиќ, Богојавление, Сретение, Благовест, Велигден, Духовден, Телово-Пресвета Евхаристија, Пресвета Тројца, Успение на Пресвета Богородица, Мала Богородица, Сите Светии.
Скопска бискупија: Скопје - Катедрална црква посветена во чест на “Пресветото Срце Исусово”; Битола - “Пресвето Срце Исусово”; Охрид - “Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт” покровители на Европа.
Во Р. Македонија постојат како напомнавме на почетокот и католици од византиско-словенски обред, кои потпаѓаат под јуриздикција на Апостолскиот Егзархат во Македонија.
И самите забележавте дека досега зборував исклучиво за христијанството и католиците од источен обред во Македонија со тоа би било непотполно моето излагање ако не го додадам и вториот дел.