Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

Црковно-народниот собор расправа за измените на Уставот на МПЦ


Скопје, 12 ноември (МИА) - Македонската православна црква денеска го одржува редовниот годишен Архиепископски Црковно-народен собор во Соборниот архиепископски храм „Св.Климент Охридски” во Скопје на кој учествуваат претставници од сите епархии и институции на МПЦ. 



Централна тема, како што најави поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан во излагањето на свечениот дел на Соборот, се предлозите за промени и дополнувања на Уставот на МПЦ со кои се очекува тој да се усогласи  со новиот Закон за верски заедници и религиозни групи и со другите закони во државата.

- Соборот ќе биде информиран до каде е процесот за денационализација и враќањето на црковните имоти. Исто така, ќе биде посветено внимание за духовната димензија од животот на нашиот народ, на семејствата и бракот, а особено за животот на младата генерација. Соборот ќе му посвети време и на трагичниот настан во Бигорскиот манастир, каде што пред нецели два месеца изгоре најстариот конак од манастирскиот комплекс, наречен Горни палат, а во овој контекст ќе се разговара и за безбедносниот аспект при чувањето на сакралните објекти и предмети, рече г.г.Стефан.

Соборот треба да даде и насоки за местото и улогата на црквата и религијата во современите текови во животот и опстојувањето на народите и државите особено на планот на глобализацијата и критериумите и вредностите кои доаѓаат со неа.

- Духовните и морални принципи не можат и не смеат да бидат заменети со лажните вредности на современието. Црковно-народниот собор ќе и посвети внимание и на македонската актуелна состојба и на црковен, но и на национален државен план и да укаже и насочи во кое темпо треба да одат активностите, дејностите и мисијата на нашата Света црква. Времето што го живееме и обврските што сме ги прифатиле бараат од секого целосна посветеност и припаѓање на она за кое сме прифатиле да го работиме и да служиме-на Бога и на народот, нагласи г.г.Стефан.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска во обраќањето пред присутните рече дека Македонија отсекогаш била светилиште, европска христијанска порта, вселенски иконостас, македонска земја на тајфи, иконописи, страдалници, печалбари и боговолни чеда.

- Се она што беше ваша волја, се она што беше волја на македонскиот народ од 1945 година кога ги повикаа свештениците на тој собор па се пренесе во 1958 година, сето тоа беше направено со измените и Нацрт-Уставот на Црковно-народниот собор на 17 јуни 1967 година. До денес верниците следбеници на архипастирот на Светата Охридска архиепископија на МПЦ достојно ја служеа мисијата во служба на Господа меѓу својот македонски народ, истакна Божиновска.

МПЦ, како што посочи, отсекогаш стоела на браникот на државата и секогаш е на страната на она што народот го бара.

- Во 1991 година да не беше МПЦ веројатно битката за ентитет и идентитет немаше лесно да ја извојуваме и тогаш кога се обидуваа да бидеме туѓа јурисдикција и тогаш не успеаја. Колку посилни удари имаше врз МПЦ таа стануваше се посилна и похрабра, додаде Божиновска. Како прв човек на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, вети дека се што ќе биде активност на МПЦ,државата ќе стои зад неа.

Во рамки на свечениот дел од Соборот беше промовирано Светото Евангелие за богослужбена употреба.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го прочита промотивното слово наведувајќи дека јазикот има чудесна моќ да поврзува и да разделува, да зближува и да оддалечува и оти кога станува збор за библискиот, црковниот јазик, тогаш треба да се имаат предвид не само оние што говорат туку и оние што слушаат.

- Преку употребата на јазиците на различните народи во богослужието, се потврдува дека христијанството не е против културите на другите народи, рече поглаварот на МПЦ.