Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

17.01.2017Г. по повод христијанскиот празник богојавление - водици, директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки до поглаварот на мпц-оа г.г.стефан и до сите православни верници.

 

 

 

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г. Г. СТЕФАН

                                 

                            ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 

 

                        Ваше Блаженство,

 

 

Ми претставува особена чест, од името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи како и од мое лич­но име, Вам и на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Ма­ке­дон­ската Православна Црква-Охридска Архиепископија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

 

Празнувајќи го денот на Христовото крштевање го празнуваме духовното раѓање и обнова на нашето единство преку верата. Со осветувањето на водите и објавата на божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот и се зацврсти темелот на верата, а вредностите на покајанието, прочистувањето, правдината и трпението добија вистинска смисла.

 

 Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нe зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден.

 

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник-  Богојавление-Водици.

           

БОГ СЕ ЈАВИ!

  

Директор

Проф. д-р Валентина Божиновска