Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

24.12.2014г.по повод католичкиот божиќ директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати честитки до бускупот скопски и апостолски егзарх г-дин киро стојанов и до сите верници на католичката црква во Република Македонија




                                  ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

Ваше Превозвишенство,

 

      Во овие возвишени и најсреќни денови дозволете ми Вам лично, на сите свештеници и верници на Католичката црква во Ма­ке­донија, да Ви упатам искрени честитки по повод РАЃАЊЕ­ТО ХРИСТОВО-БОЖИЌ.

            Радоста Божја е најголемата радост на човекот, бидејќи Хрис­товото раѓање ја означи победата на доброто над злото, на дарувањето над себичноста, на единството над поделбите, на љу­бов­та над омразата. Бог во својата љубов и милост кон човештвото не дозволи човекот да стане роб на гревот, туку го испрати својот возљубен Син, за да можат другите преку Него да се спасат и да се радуваат.

            Кога сите би се радувале и љубеле меѓусебно како што Хрис­тос ги љубеше своите ученици, а преку нив и целото човештво, страдањето кое денес владее во светот повеќе нема да постои, би­дејќи злото е немоќно во присуство на големата љубов и голема­та светлина која прво скришно блесна во Витлеемската пештера, а потоа ги осветли срцата на многу верници ширум светот.

Токму затоа, во овие празнични мигови Ви посакувам свет­ли­те зраци на Божиќното утро да Ви донесат здравје, среќа и љу­бов, и во духот на христијанските вредности на сите верници да им го осветли патот кон заедничкиот мир, соживот и толеранција. 



ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

 
    

       Директор

        Проф. д-р Валентина Божиновска