Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Исламска Верска Заедница во РМ

ЖИВОТОТ НА МУХАММЕД, А.С.


 

Мухаммед, алејхис-селам, е последниот Пратеник пратен од Аллах, џел­ле шануху. Нему му е објавена и последната книга од Аллах, џелле шануху, Куранот.



Доаѓањето на Мухаммед, алејхис-селам, отвори нова страница во истори­ја­та на луѓето.

Тој, со милоста на Аллах, џелле шануху, направи еден вид револуција, враќајќи ги луѓето на патот на среќата и спасот.

За Мухаммед, алејхис-селам, е пишувано многу, но ние овде во кратки црти ќе се запознаеме со битните страни од неговиот живот.

 

РАЃАЊЕТО, ДЕТСТВОТО И СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ НА МУХАММЕД, А.С.

 

Пред доаѓањето на Мухаммед, алејхис-селам, Арапите се наоѓале во не­знае­ње и политеизам. Верувале во кипови[1] кои самите ги правеле со свои раце. Кај нив се наоѓале сите лоши дела, консумирање алкохол, неморал, ропство, зло­употреба на богатството итн. Овој период се нарекува „период на џахилијет“ или незнаење.

Во такви услови и околности бил роден Мухаммед, алејхис-селам. Тој бил роден во Мека, на 20 април 571 година. Неговиот татко, Абдуллах, умрел два месеци пред неговото раѓање, а мајка му умрела кога тој имал шест години. 

По смртта на мајка му, за него се грижел неговиот дедо Абдулмуталиб. Дедо му многу го сакал, но набрзо и тој умира, и тоа две години по смртта на мајка му.

По смртта на дедо му, грижата за него ја презел чичко му Ебу Талиб. Пе­риодот на доење го поминал во семејството Бену Сад, каде го доела жена по име Халима Садија.

Кај чичко му Ебу Талиб, Мухаммед, алејхис-селам, растел како и другите деца, но се разликувал по својот морал. Додека бил дете тој му помагал на чич­ко му во чувањето овци.

На 12 години патувал со својот чичко во Бусра, град во близина на Да­маск. Од таму брзо се вратил затоа што бил сретнат од еден свештеник по име Бехира кој на него видел знаци на пратеништво, па барал од чичко му да го вра­ти во Мека од страв да не му се случи нешто лошо.

На 20 годишна возраст често одел за Бусра, но како одговорен трговец на имотот на Хатиџа.

Мухаммед, алејхис-селам, се разликувал со многу возвишени особини. Тој меѓу Арпаите бил познат по името Ел-Емин - поверливиот.

Откако Хатиџа ја видела неговата поверливост, побарала да се омажи за него. Така Мухаммед, алејхис-селам, на 25 години се оженил со Хатиџа.

Аллах, џелле шануху, му подарил на Мухаммед, алејхис-селам, со Ха­ти­џа шест деца: Касим, Зејнеб, Рукија, Фатима, Умму Кулсум и Абдуллах.

Машките деца му умреле мали, додека ќерките му живееле долго. Нај­поз­ната од неговите ќерки била Фатима, која се омажила за Али. Нивните две деца биле Хасан и Хусејн, кои Мухаммед, алејхис-селам, многу ги сакал.
Му­хам­мед, алејхис-селам, бил многу коректен кон своите жени и деца. Никогаш никого не навредил и не удрил. Им помагал на жените во нивните дневни обврски и ги советувал децата.

 

 

 

 

ЖИВОТОТ НА МУХАМЕД А.С ВО МЕДИНА И НЕГОВАТА СМРТ

 

            По иселувањето на Мухаммед, алејхис-селам, и неговите пријатели од Мека во Медина, бројот на муслиманите зничително ќе порасне. Така мухаџи­рите и енсариите го формирале првото исламско општество во Медина.

 

            Меѓу првите работи што ги направил Мухаммед, алејхис-селам, во Ме­ди­на биле:

-         изградба на џамија

-         братство помеѓу муслиманите и

-         формирање на првиот устав што ги опфаќал правата на муслиманите и немуслиманите во исламската држава.

 

            Муслиманите продолжиле со животот во Медина под раководство на Му­хам­мед, алејхис-селам, а постојано се објавувале и куранските ајети што содржеле исламски одредби.

            Додека во Мека, куранските ајети зборувале повеќе за верувањето, ку­ран­ските ајети во Медина ги содржат правилата на халалот и харамот (доз­во­ле­но­то и недозволеното).

            Добрата организација и брзото напредување на муслиманите во Медина, ги вознемирило идолопоклониците. Така, во втората година по хиџретот, се случила и првата битка во Исламот. Тоа беше битката на Бедар.

            Во оваа борба, од страна на муслиманите учествувале 314 борци, додека од страна на идолопоклониците 950. Муслиманите победиле. Оваа победа уште повеќе им дала поттик на муслиманите за понатамошно организирање и напре­ду­вање.

            Потоа продолжиле војните една по една, како онаа на Ухуд, на Хендек, договорот на Худејбије, и др.

            Во осмата година по Хиџра, Мухаммед, алејхис-селам, со голем број мус­лимани тргнале да ја ослободат Мека. На 20-ти Рамазан од осмата хиџретска година, муслиманите под раководство на Аллаховиот Пратеник, Мухаммед, алејхис-селам, стигнале во Мека и ја ослободиле.

            По ослободувањето на Мека, муслиманите ја исчистиле Ќаба од многу­број­ните кипови што се наоѓале внатре, и од тогаш до ден денес и до Судниот Ден, Ќаба ќе остане чисто место за обожување на Аллах, џелле шануху.

            По неколкудневниот престој во Мека, Мухаммед, алејхис-селам заедно со голем број муслимани се врати во Медина.

            Во десетата хиџретска година, Мухаммед, алејхис-селам, заминал на по­след­ниот хаџџ.  При овој хаџџ, Мухаммед, алејхис-селам, ги научил муслимани­те како да  постапуваат на хаџџ, и на Арафат ја одржал историската хутба, „хут­ба­та на збогувањето“.

            На тој ден се објавени ајетите што зборуваат за комплементирањето на ве­рата: „Сега верата ваша ви ја усовршив и благодетта Своја кон вас ја пот­полнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Маида,3)

            По завршувањето на хаџџот, Мухаммед, алејхис-селам, се вратил во Ме­ди­на, каде што му останаа уште 81 дена до неговата смрт.

 

 

 

 

            СМРТА НА МУХАМЕД, А.С.

 

            Кратко време по враќањето на Мухаммед, алејхис-селам, во Медина, поч­нале да му се појавуваат првите знаци на болеста. Од ден на ден болките се засилувле. Имал главоболка и висока температура.

            Неговата болка се засилила толку многу што не можел да излезе во џамија. Тој му наредил на Ебу Бекр да излезе имам пред џематот.

            Поминал неколку дена во ваква состојба. Еден ден Мухаммед, алејхис-селам, се чувствувал подобро и сакал да оди во џамија. Кога ја видел џамијата полна со муслимни, многу се израдувал. Тоа било и последен пат да гледа во нив.

            Утрото на понеделникот, Мухаммед, алејхис-селам добил голема болка. Така, понеделничкото предпладне, седејќи во прегратка на неговата жена Аиша р.а., го кренал показалецот зборувајќи: „кај највозвишениот Придружник, кај највозвишениот Придружник“, ја предал неговата душа кај Аллах, џелле шануху.

            Неговата смрт се случила во понеделник, 12 Ребиул евел, 11 хиџретска година или 08 јуни 632.

            Веста за смртта на Мухаммед, алејхис-селам, се раширила многу брзо. Повеќето од муслиманите не сакале да веруваат во ова, додека не дошол Ебу Бекр и не им прочитал некои курански ајети, по што се убедиле во неговата смрт.

            Мухаммед, алејхис-селам, е погребан во Медина, во местото каде што умрел, односно во собата на неговата жена Аиша, р.а.

            По смртта на Мухаммед, алејхис-селам, халиф (владетел) на мусли­ма­ните станал Ебу Бекр, р.а., по него Омер, р.а., по него Осман, р.а., и по него Али, р.а., овие четири халифи се познати под името „хулефаи рашидин“ или правед­ни­те владетели.

            До Мухаммед, алејхис-селам, погребани се Ебу Бекр, р.а., и Омер, р.а. Ми­лиони луѓе го посетуваат неговиот гроб секоја година, особено за време на Хаџот.

 

ХИЏРЕТОТ НА МУХАМЕД, А.С., ОД МЕКА ВО МЕДИНА

 

            За краток период речиси сите муслимани биле преселени во Медина, со исклучок на еден мал број меѓу кој и Ебу Бекар, р.а., Али, р.а., и други.

            Мушриците од Мека сакале да го искористаат моментот и да го убијат Мухаммед, алејхис-селам, но Аллах, џелле шануху, со Својата помош го спасил.

            Мухаммед, алејхис-селам, заедно со неговиот најдобар пријател Ебу Бе­кар, р.а., тргнале од Мека во Медина. По пат доживеале многу тешкотии, но на крај, со Аллаховата помош, после неколкудневно патување, стигнале во Куба, место близу Медина.

            Кога се раширила веста дека Мухаммед, алејхис-селам, се доближил до Медина, бил пречекан со голема радост, со текбири и илахии.

            На крајот, Мухаммед, алејхис-селам, останал во Медина заедно со него­ви­те пријатели муслимани од Мека.

            Аллаховиот Пратеник на почетокот изградил една џамија и во нејзина близина, една куќа за себе и неговото семејство.

            Муслиманите што емигрирале од Мека се нарекуваат „мухаџири“, доде­ка муслиманите од Медина се викаат „енсарии“.

            Со хиџретот што го направил Мухаммед, алејхис-селам, од Мека во Ме­ди­на почнува хиџретскиот календар на муслиманите.



--------------------------------------------------------------------------------

[1] Статуа во форма на човек, направена од дрво или камен и сметана за божество