Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

по повод христијанскиот празник богојавление - водици директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати честитка до МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА и НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИГ. Г. СТЕФАН 

                                   

 

 

 

 

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 

 

 

Ваше Блаженство,

 

 

Ми претставува особена чест, од името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи како и од мое лич­но име, Вам и на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Ма­ке­дон­ската Православна Црква-Охридска Архиепископија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Славејќи го Христовото крштевање го прославуваме нашето духовно раѓање и нашата вера. Тоа е настан што не поттикнува да се пронајдеме во верата и да го сочуваме и продолжиме Христовото учење за богоугоден, мирен и спокоен живот, за покајанието и прочистувањето, за љубовта помеѓу луѓето, трпението и милосрдието.

На овој голем богојавленски празник,  да празнуваме и да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот, и да веруваме дека верата е нашата најголема сила за да се издржат сите предизвици и искушенија, и е единствениот пат кон нашите успеси и напредокот.

Да си посакаме покрстената вода да ни даде нова сила за нови дела, да ја прочисти нашата душа и да ги зближи луѓето.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник-  Богојавление Водици.

 

           

 

 

 

Директор

                                                               Проф. д-р Валентина Божиновска