Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Висока црковна државна делегација во посета на почесниот конзул на РМ во Хамбург СР Германија (05.10.2009)



На покана на Н.Е. г. Ханс Јуерген Боеш Почесен Конзул на РМ во Хамбург, висока црковна делегација предводена од Неговото Блаженство Архиепископ на МПЦ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на МПЕ за Европа г. Пимен, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Повардарска епархија г. Агатангел како и М-р Валентина Божиновска директор на Комисијата за односи со верските заедници и релиѓиозни групи при Влада на РМ престојуваа во дводневна посета кај почесниот конзул.


Беа остварени повеке средби и посети во градот Хамбург, посебно би спомнале за средбата со председателот на советот на Сенатот  др. Волкмар Шоен кој несебично ја искажа благодарноста кон доприносот на Македонците кои живеат и работат во Хамбург, а од страна на Неговото Блаженство беше искажана благодарност кон црковните власти во СР Германија за помошта и гостопримството што ја има нашиот православен македонски народ, кои иако одалечени од својата татковина успеват да најдат начини да ја искажат љубовта кон својата Македонската свети климентова правпславна црква.

На истата средба присуствуваше и Н.Е.амбасадорот на РМ во Берлин, Проф. др. Ѓорѓи Филипов кој ја потенцира меѓусебната пријателска соработка помеѓу двете држави, за кое  зборуваат и обостраните неодамнешни пријателски и работни посетите на председатели  на РМ и на СР Германија.

Беше посетена најголемата и најважна барокна  евангелистичка црква во градот Хамбург Св. Михаил, која била повеќе пати досега палена но секогаш обновувана и повторно изградена, објаснуваше старешината на црквата пастор Александар Роедер.

Во вечерните часови од страна на Почесниот Конзул се приреди прием, на кој учествуваа претставници од Дипломатскиот Кор, претставници на евангелистичката црква како и  македонци кои живејат иработат воградот Хамбург и околината, и претставници на МПЦО „Св. Ѓорѓи Кратовски“ од Хамбург.