Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

Јубилеј 65 години од раѓањето и 35 години архиерејско служење на Митрополитот Тимотеј во Македонската православна црква - Охридска Архиепископија


По тој повод директорот на КОВЗ проф.д-р Валентина Божиновска упати Телеграма со честитки




ДО

НЕГОВО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО

МИТРОПОЛИТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ

Г. ТИМОТЕЈ

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

  

 Почитувано Ваше Високопреосвештенство,

 

 

Со Вашето големо епископско дело, со Вашето знаење и благост, со Вашата долготрпеливост и посветена љубов кон Бога, горди сме што во нашата Македонска Православна Црква имаме еден голем духовен пастир и духовен водач. Под Божјо и под Ваше духовно водство и неизмерна грижа за благосостојбата на македонските верници во Дебарско-кичевската епархија, а и надвор од неа, во изминативе 35 години го потврдивте Вашиот значаен придонес за доброто и единството на нашата Македонска Православна Црква - Охрдиска Архиепископија, кој и во времињата на сите искушенија цврсто верувам дека гордо и достоинствено ќе продолжи да нижи успеси.

 

Му посакувам на Вашето Високопреосвештенство божја мудрост и сила, со особена почит кон мисијата што ја правите меѓу народот, посакувајќи Ви многу здравје во животот и уште многу години плоден труд во извршување на Вашата света архиерејска служба.

 На многаја и благаја лета!

 
Директор

Проф. д-р Валентина Божиновска