Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

15.12.2014.г.директорот на ковз проф.д-р Валентина Божиновска по повод еврејскиот празник ханука испрати телеграма со честитки до претседателот на еврејската заедница во рм г-ѓа берта романо николиќ.



 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ


Почитувана г-ѓо Романо-Николиќ,


            Дозволете ми Вам лично и на членовите на Еврејската заедница во Република Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви ја честитам ХАНУКА-големиот празник на светлината.

Ханука е симбол на еврејското национално опстојување и на повторната обнова на верската слобода. Ова е многу важно бидејќи верската слобода денес е фундаментално човеково право кое го препознаваат сите религии и верски заедници. Низ историјата, Евреите претрпувале незапаметени прогонства и неизмерни страдања, но сепак, тие и натаму опстојуваат благодарение на почитта на верата и желбата да се сочува традицијата. Пораката на Ханука е универзална. Потребно е да бидеме благодарни на она што го имаме, да ја чуваме и негуваме нашата вера преку реафирмација на нашите заеднички заложби во градењето на еден подобар свет за сите. И најважно, овој голем празник да не потсети дека ниту една сила не е доволно моќна да ја урне верата и достоинството на еден народ и неговото исконско право на сопствено уверување и самоопределување.

Поздравувајќи Ве со традиционалниот поздрав ХАНУКА САМЕАХ уште еднаш Ви го честитам овој голем празник посакувајќи Ви празничните денови да ги поминете во кругот на Вашите најблиски, со многу радост, светлина и љубов.

 
  

Директор,

Проф. д-р  Валентина Божиновска