Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Директорот Сотировски на прием кај претседателот на Евангелско Методистичка Црква во Македонија

На 05.03.2018 година во кабинетот на претседателот на Евангелско Методистичката Црква во Македонија се одржа средба помеѓу директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски и претседателот на ЕМЦ г-дин Емил Заев .


На средбата се разговараше за перспективите за соработка во следниот период помеѓу државата и оваа верска заедница.
Директорот Сотировски истакна дека Евангелско Методистичката Црква во Македонија е со долга традиција и дека има особен придонес во развојот и унапредувањето на верските слободи и права, како и големо влијание од духовна и етичка смисла. Државата е особено благодарна и горда што токму член на оваа верска заедница почитуваниот покоен претседател г-дин Борис Трајковски ќе остане запаметен како човек со огромни човечки и духовни способности и капацитети. Се надевам на искрена соработка, а Вие очекувајте отворена поддршка за сите прашања со кои се соочувате.


Претседателот на ЕМЦ г-дин Емил Заев најпрво го поздрави изборот на новиот директор и упати топли честитки, тој ја истакна својата визија и заложбите кои ги презема оваа верска заедница како и потребите во чиј пресрет може да излезе Владата на Република Македонија. Г-динот Заев го афирмираше својот став за целосна поддршка на сите заложби на директорот во интерес на подобрување на меѓуконфесионалната соработка, како гарант на меѓусебната доверба.