Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

Богородица со Христос, XVI век - 96 х 62,5 cm. Од црквата во манастирот Св. Јован Претеча, с. Слепче, Демирхисарско.  Денес во Музејот на Македонија, Скопје.телеграма со честитки по повод големиот христијански празник рождество христово- божиќ упати директорот на ковз проф д-р валентина божиновска до поглаварот на МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г. Г. СТЕФАН

 

 

 

Ваше Блаженство,

 

 

Дозволете ми во мое лично име и во името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Право­слав­на Црква -  Охридска Архиепископија и на целото свеш­тен­ст­во да упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник-РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ.

      Божиќ е најрадосниот празник ме­ѓу христијаните, денот ко­га секој од нас во кругот на нашите се­меј­ства најмногу треба да би­де сплотен со Бога. Како народ на ве­ра­та, отсекогаш сме граделе заедница врз вистинска љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности и сме се радувале на божјите благослови. На­ша­та Македонска Пра­во­славна Црква-Ох­ридска Архиеписко­пи­ја е вистинскиот при­мер за тоа. Таа е на­шиот духовен светилник преку кој силно и гордо све­ти нашиот на­цио­нален идентитет, столбот на македонската ду­хов­на и вековна оп­стојба. Таа е дело на големата љу­бов на Бога ко­ја на овој голем праз­ник се излеа врз целиот чо­вечки род и преку Ра­ѓа­њето Хри­сто­во, не дозволи да зацаруваат страдањата и по­дел­бите, туку љубов­та, мирот и разбирањето.

Токму затоа, нека празничната икона на новородениот Спа­си­тел биде постојано пред нашите духовни очи, да продолжиме да ја негуваме и чувствуваме божиќната радост традиционално при­су­т­на во нашите семејства и истата да ја пренесуваме на нашите рожби и идни поколенија.

Со овие празнични желби Ви го честитам овој светол и величествен празник, посакувајќи овие празнични и сите денови да ги поминувате во здравје, љубов и мир. Заедно со верниците на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија овде во татковината и насекаде во светот, да се поклониме пред ново­ро­де­ни­от Спасител обединети во нашата исконска вера и божја бла­годат.

 ХРИСТОС СЕ РОДИ! 

 

Директор
   Проф. д-р Валентина Божиновска