Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Обраќање на Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Валентина Божиновска на седницата на Комитетот за од­но­си меѓу заедниците на тема „Актуелната сос­тојба во светлина на по­след­­ните настани и нивното влијание врз меѓу­ет­нич­ките и меѓурелигиските од­но­си во Република Македонија“, одржана на 1.02.2012 година во Собра­ние­­то на Република Македонија 
 

          Уважени, можеби деновиве искушенијата што ни се случуваа на меѓует­нич­ка и верска ос­нова нe натераа трезвено да се соочиме со уште еден предизвик кој како многупати досега имаме сила да го надминеме и како што неброени па­ти до­се­га сме го направиле во заед­нич­­­ката историја на овие македонски про­с­тори.

           Нема дилема дека и овој тест ќе го поми­неме, не само поради исто­ри­јата која нe научи дека тие односи низ вековите останале тол­ку цврсти што ни­еден поединец, група, ниту било која сила на туѓи влијанија не успеале да ја искинат таа вековна нишка на почитта што различните религии ја имале ме­ѓу себе. Но, и поради заед­нич­ката иднина која ја делиме во Република Ма­ке­донија од сите поколенија пред нас и за сите по­ко­ле­ни­ја по нас. На сите оние што денови­ве, во името на верата се обидоа да уд­рат по нашата тради­ција и вредности, јавно им да­ва­ме до знаење дека векови на­назад тоа нико­гаш никому не му успеало, ниту ќе му успее.

              Република Ма­ке­донија, особено последниве 20 години, сериозно се посвети на надмину­ва­ње на предрасудите за мир и толеранција, одговорноста на другиот, одго­вор­но­ста и за­­ложбите кон различниот во верата. Зар сe она што го градевме како лу­ѓе, како на­род, како поединци, како етнички заедници, како служители на Бо­га, како него­ви миротворци, како ретко која држава во која се ис­пре­пле­те­ни толку различни ре­лигии ќе дозволиме да биде поткопано од страна на неодговорни поединци или пак, некакви радикални фанатици и ќе ја ставиме во залог нашата мул­ти­кул­турност, мултиконфесионалност градена со векови, вза­ем­на почит, меѓу­себно по­магање? Само да се присетиме, кога гореше Би­гор­скиот мана­с­тир, ко­га први на по­мош притекнаа муслиманите од Рекан­ски­от крај, како што во Кичев­ско и пра­вославни христијани и муслимани се мо­лат во ист верски храм, кога жените од ис­ламска вероисповед се молат за плод­ност и рожба во Бигорскиот манастир.

 

          Република Македонија отсекогаш била чудесен мозаик и Божествен дар на религиите кои ги омекнуваат срцата, ги залечуваат раните и вековно духовно ги зближувале луѓето и на­родите. Секогаш ќе постојат разлики во сфаќањето на поединци, или во сфаќањето на сми­с­лата на историјата, но опстанокот на за­едничкото место на живеење е вистинската цел, е крајната цел, е богоугод­на­та цел. Постои ли човек во Република Македонија кој ќе од­ре­че дека може рам­нодушно да гледа како силите на злото или на било која по­е­динечна нега­тив­на енергија се размножуваат или спокојно да го набљу­дува нечовечното од­не­сување кое може да доведе до нови братоубист­вени вој­ни? Се разбира, не. И токму дено­ви­ве, слу­чувањата во Вевчани, Ла­бу­ниш­та, Струга, Октиси нe оставија и нас, воз­рас­ните, вчу­до­не­ви­дени. А можам да помислам колку тоа страшно влијае врз мла­ди­те поколенија, врз на­ши­те деца,  без разлика на вер­ската припадност. Колку е важно, токму само заради нив, да потврдиме де­ка научивме сите овие години да живееме и да работиме едни со други, да се запознаеме со религиите, да жи­вееме заедно, да не го правиме она што не сакаме нам да ни го прават. Нема бого­откриена ре­лигија, ниту пак Света книга во светот која може да го наруши заветот што си го да­дов­ме за соживот и мир во Републи­ка Македо­нија. Не постои рели­ги­ја која не е повикана да го гради и чува мирот. Но и об­рат­но, одго­вор­ни сме си­те, со овие настани веднаш и сега институцио­нал­но да го донесе­ме спо­кој­ст­вото и мирот на заедничкиот соживот во Струш­киот регион и Републи­ка Македо­нија. 

          Сите овие 20 години успеавме да направиме еден свет на подобро однесу­ва­ње, од самите почетоци на младата македонска држава да ги прене­брегнеме и над­минеме стереотипите, да ја промовираме толеранцијата, не само како се­мио­тички приказ, туку во буквална рето­ричка смисла на туѓата слобода, на раз­личното размислување, идејата на туѓото размислу­ва­ње, то­ле­рант­носта на си­те основини права на човекот, социјалната толеранција, култу­ролошката то­леранција, толеранцијата на етничките заедници, толеран­ци­јата на мал­цин­ст­­вата, и она што бе­ше краен, основен фундамент, важен и мо­ќен – вер­ската то­леранција. Зар досега не покажавме пред светот и пред меѓународната јав­ност, со високите оценки за верската толеранција во извеш­таи­те и на Советот на Европа и на Стејт Департментот дека Македонија на­прави нов имиџ во Европа и пошироко.

          Република Македонија е лидер на Балканот со нејзината етничка и вер­ска толеранција која е толку силно автентична, суштинска и реален сто­жер за зачуву­ва­ње на нашиот идентитет - идентитетот на Република Маке­до­ни­ја. Може да се по­фалиме дека сме држава, во која гла­с­но­говорно можеме да ка­же­ме што мис­ли­ме за другиот, но и напротив, да слуш­неме што другиот, по­инак­виот, мисли за нас. Успеавме, заради верската толеранција да не пад­не­ме во бездната како не­кои дру­ги држави. Издржавме на тој колосек и на по­­некогаш грубите пресметки од соседствата. Никој од нас не знаеше дека ќе се случат овие немили настани кои се за силна осуда, и со сигурност ќе се ре­шат институ­цио­нал­но. Ниту пак може некој да знае што ќе се случи ут­ре, но мо­ра­ме сите заедно да знаеме на кој начин сите ќе се вложиме, особено во об­ра­зов­ниот про­цес да ги еду­ци­раме младите поколенија без разлика на која етничка и верска припадност при­­па­ѓаат, да ги однегуваме како да се разбира­ат меѓу себе и како да го раз­би­раат другиот.

          Сите религии во Република Македонија повикуваат на љубов, која не се на­метнува, таа се чувствува во нашето живеење. И само тогаш ќе сфатиме дека луѓето од сите вери не се наши непријатели, туку наши сојузници, бо­го­у­год­ници, аџии на аџилакот на спасението.

          Уважени дами и господа, светската дијалектика укажува дека никаде не пос­тои совршен мир, но затоа постои совршено слушање на другиот.  Пра­во­то на се­кој од нас е минимум мо­рал. Зар сите ние не се молиме на ист начин, не тагу­ва­ме на ист начин, не страдаме и не плачеме на ист на­чин? Зар ова не се длабоко рели­ги­озни прашања? Без разлика на нашата вера, кога мусли­ма­нот влегува во џамија, а пра­во­слав­ниот во црква, зар не ја прават првата про­вер­ка на самиот себеси. Човекот е секогаш ист. Можеби овие нас­та­ни во Струшкиот регион уште по­цврс­то ќе ни ја зајак­нат довербата на едните кон дру­гите и ќе нe на­тераат да се пот­сетиме на  лекцијата од пред 11 години кога сто­тици семеј­ст­ва ги за­гу­бија сво­ите домови, а стотици луѓе ги загубија свои­те животи. И ќе нe држат во будност дека „мирот не е мо­жен без мир на ре­ли­гии­те, мирот ме­ѓу ре­лигиите не е мо­жен без дијалог, а ди­ја­логот не е можен без разби­рање“.

          Повикувам, како што е кодирано во колективната меморија во Репуб­ли­ка Македонија, да се смират негативните страсти, да се претворат во ехо на до­б­ри­­ната и креативноста, никој задкулисно да не профитира од верските чувства и сите за­едно да ја ум­но­жиме љубовта еден кон друг, еден за друг, еден со друг.