Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
АПЕЛ ОД ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 


Црквите и верските заедници во Република Македонија, застапени во Уставот, со должно внимание ги следат настаните што веќе подолго време ги обременуваат секојдневието и живеењето на сите граѓани во Република Македонија.
   

            Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка Татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме. Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите.  

Затоа, како Цркви и верски заедници, апелираме за смирување на состојбите, за покажување на добра волја и разумност во одлуките и постапките; повикуваме на воздржување од дејства што можат да ја  загрозат државната, но и безбедноста на луѓето, на домовите, на семејствата и на сите нас, воопшто.

Апелираме до политичарите и партиите да го покажат своето човекољубие и родољубие и во духот на почитувањето и толеранцијата да преземат заеднички и неодложни мерки, засновани врз легитимни државни и законски прописи, во надминувањето на искушенијата и опасностите што демнат.

Само така, сплотени и единствени, достојно ќе покажеме пред целиот свет дека мултиетничкото и мултирелигиозното општество во кое живееме може да функционира и опстојува. Сето тоа веќе се потврдило во нашата заедничка историја. Затоа, и ние како генерација, да покажеме преку личниот пример и со своите дела, а за доброто на нашата Татковина, дека сме доследни и достојни  наследници на нашите претходни генерации, дека сме вистински верници и патриоти.

Впрочем, единствено така ќе покажеме дека сме достојни и на родот и на верата на кои им припаѓаме!

 

 

Скопје, 17. 03. 2017 г.