Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

по повод големиот празник раѓањето христово божиќ во скопската катедрала се служеше свечена божикна миса.

 

 


Во преполнетата катедрала покрај верниците присутни беа председател на Р. Македонија Ѓорге Иванов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, претставници на Македонска Православна Црква, како и претставници на дипломатскиот кор и на културниот живот.


Покрај бискупот Стојанов сослужуваа скопскиот жупник дон Давор Топиќ, директорот на Македонски Каритас монс. Антун Циримотиќ, бискупискиот канцелар о. Марјан Ристов, деканот во Апостолскиот егзархат о. Зоран Стојанов и парохискиот викар дон Јошт Мезег.

Во пригодната хомилија бискупот Стојанов рече: „Да обрнеме внимание на начинот на кој доаѓа, без каква и да е триумфалност, иако столетија го навестуваа и чекаа. Тој дојде таинствено, на начин како бегалец или раселено лице, прогнаник, што како сиромав и бездомник чука на вратата на Витлиемските жители, но тие не го примаат. Принуден е надвор од градот да ја види светлината на овој свет и тоа во штала. Што ни порачува тоа? Бог доаѓа како што рековме да создава нов човек во Исус Христос. Тој започнува нов земски живот со радикални промени на вредностите што во текот на историјата стотина пати се извртени, трансформирани и неавтентични. Започна живот на човек на начин што го допира најнискиот слој на човечкото општество, а тоа е сиромав меѓу сиромасите, бездомник и странец меѓу своите.