Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

06.10.2012 год Обраќање на Проф.д-р Валентина Божиновска на Црковно народниот собор по повод 45 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридска Архиепископија

 

 

 

Ваше Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски Г. Г. Стефан

Ваши Високопреосвештенства,

Великодостојници на Светиот Архиерејски Синод,

Сестринства и Братства од монашкиот ред,

Почитувани претставници на другите верски заедници,

Почитувани соборјани,

Почитувани професори на Теолошкиот факултет и Богословијата,

Претставници на медиумите,

Драги верници,

Браќа сестри, верници на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија,

 

 

 

            Дозволете ми од името на Владата на Репубилка Македонија и од името на Претседателот на Владата на Република Македонија Г-динот Никола Груевски, како Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, на Светиот Архиерејски Синод, на целото свештенство и монаштво на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, верниците од многуте црковни општини ширум светот и дијаспората,да им посакам добредојде , срдечност, успешност на Црковно народниот собор по повод 45 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридска Архиепископија, во лицето на Македонската Православна Црква.

            Од ова митско место под небесата и сончевото созрцание, 2012 лето Господово чевствуваме и празнуваме не само за Мајката-црква, туку ја прославуваме едновремено вистината за нашата национална и духовна самобитност, етичката и моралната чистота на нашиот народ. Дозволете да забележам, победите секогаш имаат свое право на устоличување, за победите треба да се говори. Македонската Православна Црква е нашата национална победа, столб, скровиште на сите подвизи на големиот мегдан македонски. Македонската постојаност и трајност, тоа красно сведоштво за херојската цврстина на македонскиот народ не смееме да ја бараме во генетското стебло туку во генетската похота, родољубивиот излив кон совршеното изобилство на подвизите за Македонија. Ако знаеме како ја градевме македонската држава и колку сила ни беше потребна за тоа, тогаш со право да изговорам оти Македонија не признаваше половичност, преиспитување, страв, лелеавост. Таквата состојба, тој хероизам  единствено го црпевме од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија. Таа ни беше закрилничка, заштитничка, таа ни беше крстот кој нè тераше да не се колебаме, да немаме чувство на вина и каење, Црквата ни беше крстот на приврзаноста, предаденоста и копнежот кон големото ДА.

            Историјата на Свети Климентовата Македонска црква започнува многу славно и триумфално, па го доживува своето трнливо и голготско страдање, та најпосле да воскресне во нов и обновен живот, та себевоскренувајќи сè ја воскресна и македонската нација. Патронот на Свети Климент како однапред да ја знаел нашата жолчна судбина и како да знаел дека во тие скрбни денови без црквата не ќе може да опстои ни како народ ни како тело Христово. Навистина непосредно пред укинувањето на Архиепископијата 1767 година со пропаѓањето на Самоиловото царство доаѓа до нарушување на автокефалноста на Архиепископијата од страна на Цариградската Патријаршија.За жал Царирадската Патријаршија со своите постапки јавно тврдела дека Охриската Архиепископија е самостојна црква и Патрирајшијата не сака да се меша во нејзините внатрешни работи ,но дијаболично и заткулисно делувала сосем спртотивно и пред Високата Порта издејствувала укинувањето на Охридската Архиепископија.

            По петовековната Отоманска власт Архиепископија ја одиграла својата најглавна  улога, го зачувала македонскиот народ од претопување и исламизација. Сета обредна книжевност од 19 и почетокот на 20 век и нашите преродбеници, сè што напишале и оставиле било ухнато од црквата и од вербата во Бога. Укинувањето на Архиепископијата на македонскиот народ му дало сила да се спортивстави на грцизмот. Десетина години по укинувањеето на Архиепископијата Преспанскиот Владика Исаије крева агитација против Цариградскиот Патријарх и бил подржан од Охриѓани. Скопското граѓанство дава отпор на Фанариотските Митрополити и успева за 10 години да смени неколкумина од нив.Најмаркатна е борбата на охридското граѓансто против Владиката Мелетиј, но борбата била залудна кога тој пристигнал во 1860 година и кога тие развиле вистинска драматична борба против него и го победиле злогласниот Митропилит и во 1874 година во Охрид пристигнал Митрополитот Натанаил Кучевишки. Отпорот се разгорел во сите македонски градови, а најмногу во Велес, Штип и Куманово.

            Мудрата борба се водела за воведување на црковнословенскиот јазик во црквите, за македонскиот јазик во училиштата, за домородни владици.Но, спорот кој избувнал околу Епархиите во Македонија од 1872 година Патријаршијата фрла анатема врз Егзархијата и македонскиот народ бил принуден да избира меѓу две зла од кои го избрал помалото, се определил за Егзархијата. Според зборовите на Петар Поп Арсов: „Егзархијатот фрлал пари и купувал ветер и влегол во директна конфронтација со ТМОРО“. Да не ја заборавиме 1873 година кога во Македонија се појавило движење за обнова на Охриската Архиепископија, движење кое ги организира народните маси да бараат од Високата порта обновување на Охридската Архиепископија. Да не ја заборавиме и улогата на Кузман Шапкарев кој како член на Комисијата органзирана во Солун и ќе биде задолжена да ја обиколи Македонија за да собере потписи за обновување на Архиепископијата.

            Првенец и најголем деец за обнова на Архиепископијата бил Скопскиот Митрополит Теодосиј Гологанов.Со силна страст се справува со Егзархиската пропаганда, пропатувал насекаде низ Епархијата ги сменувал бугарските службеници, а потоа се свртел кон грчката и српската пропаганда. Беседел на македонски јазик и силно го изразувал националното чувство. Да не ја заборавиме и улогата на Крсте Петков Мисирков во неговата програма бара да се признае Македонската Црква во лицето на обновената Охридска Архиепископија.

            И Илинденскиот период го поминавме заедно со дејствувањето на свештенството, црквите и манастирите. Организацијата добиваше нови и нови револуционерни кадри, токму преку црквата. Свештеничко-револуционерното дело во 19 век како да запчнува со Поп Стојан еден од организационите дејци во Разловечкото востание од 1876 година, а Митрополитот Натанаил Кучевишки вистински водач за идната Илинденска епоха, заедно со Димитар Поп Георгиев Беровски се предводници во Кресненското востание. И тогаш црквата молитвеше и богословуваше кај борците-верници и им даваше сила и духовност. Манастирите беа храм и дом на Илинденците . И во Асномска Македонија таа беше сила и поткрепа. Во 1967 година со резолуцијата на Црковно-народниот собор ја остваруваме вековната желба за сослужба со Господ Бог преку следбеникот на Свети Климент.

            45 години сме верни на Македонската Православна Црква, затоа со право ќе повторам ако таа не ги хранеше нашите дедовци и прадедовци, а пак тие не го продолжеа своето послание преку нас битката за самостојност, ентиет и идентитет немаше да ја извојуваме. Таа стоеше простум кака карпа пред соседите кои и посакуваа реквием и опело и врз неа да и го фрлат историското ѓубриште. Во најголемите испитанија Божјата десница го чуваше нашиот народ и го издигнуваше македонскиот род без чувство на покорност и колебливост и во 2001 година во тешките испитанија нè смируваше да си припаѓаме самите на себе си. Колку што соседите ќе притискаат во нерационалните барање за постоењето и идентитетот ни македонски толку ќе трае и голготата на црквата за нејзиното непризнавање.И како апостолска и библиска земја му даваме толку многу на светот.

            Уважени,

            Ниту Европа ниту светот не ќе може без Македонија, најважно од сè е дека се справивме со стравот дека сме мал народ на мала територија напротив колку што ќе бијат камбаните по црквите толку ќе узнаеме дека сме потомци на божјите угодници и светители.Без страв да се радуваме на оваа јубилејна радост, да го славиме она што го создадовме во нашето постоење но и да ги споменеме синовите и ќерките и првенците на нашиот народ. Да се заветиме на посланијата кои деновиве ги слушаме од Светиот Архиерејски Синод за поголем род во нацијата, да се обидеме сите заедно и ние како држава да ги зацврстиме позициите на моралност и етичност во образованието на младите.

            Дозволете како мое реплицирање да додадам дека фактот на секуларноста во државата  според зборовите на нашиот Архиепископ, не значи безбожност. Од оваа позиција ќе упатам апел до сите релеванти личности и институции дека тој кој ќе ја чува црквата ќе се вброи во бесмртните.

            Уважени,

            Да не ги заборавиме упокоените души на Архиепископите кои со проповедта и делото нивно  светат во срцата наши и ни го просветлуваат умот за уште повеличенствени подвизи и дела.

            Почитувани Митрополити, сестринството и братството во Република Македонија, наши патеводители, вдахноводители на црковното слово, Ви благодариме на вашата умносрдечност во одлуките.

            Сите црковни градби се вечни, вековити затоа што душите на светците си најдоа уточиште под сводот македонски, вечни се дека и срцата и походот и желбата и љубовта нивна за Македонија беа вечни. Македонската црква е корабија за сите оние кои не се плашеа од смртта, таа е нашето растење, таа е резба на македонскиот дух. Нашата црква е концентрација на убавината, нов импулс за сите генерации и извишување пред сите невозможности. 45 годишното славење е ехо кон идните вослкикнувања, новите видици, излези и кон идните надраснувања за Македонија.

ЗА МНОГАЈА ЛЕТА!