Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

19.11.2012.год  Изјава на проф-д-р Валентина Божиновска за Весникот Нова македонија во врска со иницијативата на МПЦ-ОА, АСНОМ ДА СЕ СЛАВИ ВО кУМАНОВСКИОТ МАНАСТИР



Новоизградениот манастир по текот на реката Пчиња, во кумановското село Стрезовце, посветен на свети Прохор Пчињски, и официјално ќе биде предложен за место каде што на секој 2 август ќе се одбележува Првото заседание на АСНОМ. Барањето ќе биде поднесено до државниот врв, кој треба да го даде конечниот одговор. Ова го потврдуваат и извори од Македонската православна црква-ОА, кои велат дека идејата за ова потекнува од пред неколку години, кога поради затегнатите односи меѓу МПЦ-ОА и СПЦ чествувањето се одржа пред чешмата на манастирот „Свети Прохор Пчињски“ во Србија, каде што беше изградено импровизирано спомен-обележје. Пред манастирската порта во „Свети Прохор Пчињски“ во Србија нема ниту плоча каде што Македонците може да се поклонат и да го одбележат она за што се бореле нивните предци. За тоа с? уште како утеха стои меморијалниот центар „Пелинце“, каде што е пресликана историјата, односно направена е реплика.

Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи меѓу верските заедници, ја поддржува иницијативата на МПЦ, АСНОМ да се прославува во манастир на македонска територија. Таа вели дека токму тоа е местото каде што треба да се усвои платформа за национална стратегија за Македонија.

- Тоа особено добива на тежина што доаѓа од владиката Кирил, потписник на самостојноста на нашата црква. Со овој манастир ќе нѐ поврзе духовното. Македонија нема граници во мислата. Ни недостигаше такво место, зашто Пелинце не нѐ врзува со ништо - изјави Божиновска.