Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Исламска Верска Заедница во РМ

Институции на Исламската Заедница во РМ

Исламската заедница во Република Македонија има свои воспитно-образовни институции:

- Медреса Иса Бег – Скопје –

Ова е стручно насочено училиште и спаѓа во рангот на средните училишта.

“Медреса Иса Бег” ја продолжува традицијата на некогашната медреса со исто име, основана во XV век, значи годинава одбележува 530 години од своето основање. Оваа Медреса, во минатото била највисоката образовна институција и била позната како  најреномирана школа во Румелија. Од Вакуфнамејата на Иса Бег дознаваме дека тој освен Медресата ги основал и библиотеката и џамијата кои и ден-денес го носат неговото име. Иса Бег џамијата е изградена во 1475 година и е една од најубавите џамии на Скопје. Медресата, од нејзиното основање до денес, на неколку наврати престанала со работа, бидејќи зградата на Медресата била уништена од војните и други несреќи.  Прв пат престанала да работи во 1689 година, кога австрискиот генерал Пиколомини со неговата војска, го изгоре Скопје. Рушевините на ѕидовите на нејзината зграда, по ова уништување, беа сочувани до почетокот на Втората Светска Војна. Медресата Иса Бег, со иницијатива на тогашните верски водачи и интелектуалци, во 1932 беше возобновена, така што во 1936 година беа создадени услови за започнување со редовна работа. По Втората Светска Војна, таа повторно престана да работи еден подолг период, сe до 1979 година, кога Исламската Заедница донесе одлука за нејзина повторна изградба, така што во учебната 1984/85 година започна воспитно-образовниот процес. Сега, врз основа на потребите, Медресата е проширена уште со неколку истурени паралелки за девојки во Скопје и Тетово, како и со истурената паралелка за момчиња во Штип. 
Треба да се нагласи дека Медресата Иса Бег во Скопје годинава ја прославува 530-годишнината од нејзиното постоење и дејствување, и истовремено оваа институција е една од најстарите на Балканскиот Полуостров.

- Факултет на Исламски Науки - Скопје

Факултетот за исламски науки е највисока воспитно-образовна институција на Исламската заедница во Македо­ни­ја, и истовремено тој е одамнешна потреба на муслиманите од овие простори. За еден ваков факултет Ислам­ската Заедница во Република Македонија постојано се ангажираше. Таа го разбра императивот на времето и вед­наш презеде иницијатива за изградба на Факултетот за Исламски Науки, кој главно ќе служи за подготвување на нејзини кадри и за подигање на чиста исламска свест и совест на своите припадници. Всушност, потребата од еден ваков факултет се појави веднаш по дипломирањето на првата генерација на медресата „Иса Бег“, кај која постоеше голема желба за продолжување на студиите. По неколкугодишното напорно ангажирање на Исламска­та заедница во Македонија, на чело со Реис Улема Х. Сулејман еф. Реџепи,  кој не штедеше ништо за зачувува­ње на единството и компактноста на муслиманите од земјава и регионот, беше подигнат овој факултет, така што годинава истиот ќе ја прослави својата десетгодишнина.  
Треба да се нагласи дека ФИН, покрај студентите што ги има од земјата, вратите секогаш ги има отворено и за сту­денти од други земји.

-Покрај споменатите институции, Исламската Заедница во Република Македонија поседува и библиотеки, профе­сио­нални здруженија итн.

Исламската Заедница промовира и меѓуконфесионална соработка

Исламската Заедница во РМ промовира меѓуконфесионална соработка, како внатре во државата, така и надвор од неа. Се ангажира во зачувувањето на цивилизациски вредности, изградба на мостови на разбирање и промо­ви­рање на толеранција. Таа е учесничка на разни меѓународни конференции што се одржуваат, како во западно­европските земји, така и во исламскиот свет.
Значи, Исламската заедница, со сите свои организациони единици, значително придонесува во унапредувањето на исламските вредности, како од верски аспект, така и од културен аспект.