Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Македонска Православна Црква

СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ (МИТРОВДЕН)


8 XI/26 X.

 



Празникот на Светиот великомаченик Димитрија, меѓу народот познат како Мит­ровден (Митроен), се празнува на 8 ноември според новиот, или на 26 октом­ври според стариот календар. Тогаш завршува летниот период од годината и започ­ну­ва зимскиот. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл., се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската на­родна пословица: "Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден.

Насекаде во Македонија на Митровден се главувале момоци, селски гове­да­ри, полјаци, протуѓери, овчари, козари, свињари и тн., но и селски старешини од­бор­ници, коџобаџии и тн., договор што важел до Ѓурѓовден или до следниот Мит­ров­ден. На Митровден се правеле гозби за главените момоци, овчари и сл., им се ис­­плаќала ругата (заработувачката) и се правел пазар за наредниот период.

Bo други места на Македонија Митровден е домашен празник, се чекаат гости, се месат лебови, сe коли курбан или се одржуваат панаѓури. Во Разлошко, како што е запишано во зборникот на браќата Молерови, Митровден бил празнуван со собор како ѓурѓовденскиот на врвот 'Свети Мит'р" срeде Пирин. Тамо имало "троја­лиш­те" заобиколено со дванаесет даба во спомeн на 12-те апостоли. Интересно е што во околината никаде нема даб. Во последно време, поради тоа што времето во овој период на годината е студено со дожд и снег, и овој собор е изоставен.

Антон Поп Стоилов забележал дека во Мариово собир имало во с. Манастир кај црквата "Св. Димитрија", а на овој ден панаѓур правеле и селата Бзовиќ. Стара­ви­на, Градешница и Груништа.

Марковиот манастир во близината на Скопјс е посветен на Свети Димитрија и во него има циклус фрески од животот на овој светец. Во Гевгелиско, како што за­пи­шал Стефан Тановиќ, Свети Димитрија го празнувале и Турците под името Ка­сим. Во овој крај до овој празник го собирале бериќетот од полето за после да ги пуш­тат говедата без чувар (ајмана).

            Исто така цел ден се одело на лов касимавна-митровденски лов. На овој ден вечерта на овчарите, воловарите измеќарите и сл., им се приредувала вечера, им се исплаќала заработувачката за изминатиот период.

            Co Митровден се поврзани и повеќе верувања. Марко Цепенков забележал де­ка "како што ќе биди дено на Митроен топол, студен и ер како да биди, таквие ќе биле четириесетте дни по Митроен". На друго место Цепенков запишал дека "на новина ако биди Митроен, тешка зима ќе имало".

      Светиот великомаченик Димитрија живеел во третиот век по Христа. Се ро­дил во Солун и бил син на градоначалникот на овој град. Легендата вели дека со­лун­скиот војвода долго немал пород и по многуге молитви упатени кон Бога бил да­руван со машко дете, кое со големо внимание го образувал и воспитувал и го во­ве­дувал во христијанството. Во тоа време, овие краишта биле во составот на Рим­ска­та империја и со нив управувал царот Максимилијан, кој бил паганин и жестоко ги прогонувал христијаните.

     По смртта на татко му, Димитрија од страна на Максимилијан бил именуван за градоначалник на Солун, при што бил и советуван да биде немилосрден кон хри­стијаните, да ги убива и прогонува секаде каде што ќе ги сретне. Но, Димитрија бил христијанин. Најпрвин тајно, а потоа и јавно го поддржувал христијанството, ги подучувал христијаните како да се чуваат од лошите пагани и да не се откажу­ва­ат од Христа, дури и по цена на животот. Но, за ваквата дејност на Димитрија разбрал и царот Максимилијан. За да се увери во тоа што го слушал, тој дошол во Солун. Димитрија, не само што не порекнувал дека е христијанин, туку го презрел идолопоклонството на царот. Затоа, овој наредил веднаш да се фрли во затворот. Димитрија, знаејќи што го чека уште пред да биде затворен, целиот свој имот му го оставил на некој пријател по име Лупа, тој да го раздели на сиромаси. Во затворот ги слушнал зборовите на анѓелот Божји кој му рекол: "Мир на тебе, страдалниче Хрис­тов, охрабрувај се и не очајувај".

     Во тоа време во Солун имало амфитеатар во кој се изведувале гладијаторски борби. Луѓето се бореле меѓусебно до смрт или во арената биле предавани на крво­жед­ните ѕверови. Особено страдале измачените христијани кои биле убивани од гладијаторите или раскинувани од ѕверовите на очиглед и одобрување од пре­пол­ниот амфитеатар. Меѓу гладијаторите со својата суровост посебно се истакнувал и на царот му бил мил некој со име Лео (Лав) кој ги измачувал христијаните до смрт, а потоа ги убивал или ги фрлал на ѕверовите, потсмевајќи се и на тој начин на хри­сти­јанството.

     Во тоа време во Солун живеел еден храбар човек по име Нестор, кој немо­жеј­ќи да ги трпи нечовечните постапки на паганите, посебно на тиранинот Лео, ре­шил да му излезе на двобој, да го убие или да загине. Тој го посетувал Димитрија во затворот и од него барал дозвола да излезе на двобој. Откако добил благослов од Димитрија, ја прифатил борбата со гладијаторот и го убил. Кога за тоа разбрал рим­скиот цар наредил Нестор веднаш да биде исечен, а и Димитрија да биде погу­бен во затворот. Царските војници веднаш го убиле Нестора, а кога дошле во зат­ворот кај Димитрија, виделе како тој без страв се моли на Бога, а од лицето му зра­че­ла чудна светлина. Плашејќи се да се доближат до него, војниците го убиле од дале­чина, гаѓајќи го со копјата. Тоа се случило рано наутро на 26 октомври, според ста­риот календар (8 ноември според новиот) 306 година и тој ден се смета за праз­ник посветен на Свети Димитрија Солунски. Источната црква го канонизирала за светец. Неговото тело христијаните тајно го погребале во црквата што го носи не­го­вото име во Солун.

      На иконата Свети Димитрија е претставен во војводска облека на коњ и со копје убива човек кој е под копитата на коњот. Тоа е Лео, кој бил убиен од Нестор со благослов на Димитрија.

      За време на животот Димитрија бил војвода на Солун, и негов заштитник. Но, и по смртта, тој останал заштитник на Солун зашто ги одбивал непријателите, направил многу чуда, ги исцелувал болните, ги застапувал пред Бога сите што ќе ја побарале неговата помош. Бил наречен Димитрија Солунски и во споменот на на­ро­дот останал како патрон на овој град, но и како негов бранител, заповедник, гос­по­дар, застапник и посредник. Црквата Свети Димитрија во Солун од крајот на V век била најпосетеното светилиште на побожните христијански аџии. Православ­ни­те Руси го зеле на заштитник на Сибир откако го освоиле и го припоиле кон Ру­си­ја, на 26 октомври 1581 година.

      Светата христијанска црква го празнува и споменот на светиот маченик Нес­тор, кој со благослов на Свети Димитрија го убил гладијаторот Лео. Тоа е денот по празникот на Св. Димитрија 9 ноември, според новиот календар (или 26 октомври спо­ред стариот календар).

      Во некои краишта на Македонија овој ден, во народното верување се смета за празник на глувците. Во Кумановско, на пр. се вика "глушчов д'н" и тогаш не се работи за да не го јадат глувци житото и брашното. Според верувањето тогаш и не се буричка во брашното и не се дава заем за да не го разнесуваат глувците. Истото верување во минатото е забележано и во Битола. Но, на овој ден се саделе овошки и лози зашто се верувало дека сигурно ќе се фатат. "Какво (дрво) да се насади на тој д'н, ќе се фане и ница" се вели во Кумановско. Во Гевгелиско, како што запи­шал Стефан Тановиќ, Св. Нестор се сметал за лесен празник. Се верувало дека тој бил помлад брат на Свети Димитрија и бидејќи бил посиромав не успеал да се прослави како него поради што и помалку се празнува. За свој покровител го имале мајсторите (ѕидарите).