Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Отворена нова црква на Евангелската црква во општина Аеродром, Скопје

На 28.10.2018 година во општина Аеродром, Скопје Евангелската црква во Македонија отвори своја нова црква, прва во оваа општина.

 

 

По повод отворањето на храмот беше одржана пригодна манифестација на која се обратија претседателот на Евангелската црква пастор Мирче Андреев, пасторот Живко Барбутов, др. Коста Милков, директор на Балканскиот Институт за вера и култура, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи г-дин Даријан Сотировски. Програмата беше збогатена и со изведба на повеќе композиции со верска содржина, како и сведоштва и цитати од светите книги.
Директорот Сотировски го нагласи задоволството што присуствува на радосниот настан, сподели свои размислувања за придонесот на ЕЦ во нашето мултиконфесионално општество, а ја истакна и својата поддршка за Евангелската црква и надлежниот пастор, посакувајќи понатамошни успеси со зборовите: Исполнете ги овие ѕидови со душа и направете ги црква.


Почетоците на Евангелската црква во Македонија датираат од 1988 година. Денес, Евангелската црква во Р. Македонија има 36 црковни заедници во повеќе градови и села, меѓу кои: Скопје, Шуто Оризари, Волково, Сарај, Куманово, Кратово, Пробиштип, Карбинци, Кочани, Берово, Виница, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Ваташа, Кавадарци, Гостивар и др. Има 13 пастори и околу 3. 000 следбеници. Во рамки на Евангелската црква регистрирана е хуманитарната група АГАПЕ.