Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Католичка Црква во РМ

СКОПСКА БИСКУПИЈА

И самите забележавте дека досега зборував исклучиво за христијанството и католиците од источен обред во Македонија со тоа би било непотполно моето излагање ако не го додадам и вториот дел.

Во Македонија постојат две црковни институции на Католичката црква: Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат. За Апостолскиот егзархат и неговиот развиток слушнавме.Скопската бискупија, под чија јуриздикција се верниците од западен, односно римски обред е една од најстарите бискупии на Балканот која постои во континуитет од самото нејзино основување.
Територијата каде што денес се простира Скопската бискупија историски не е доволно испитана. Многу важни историски факти и денес се нерасветлени. Поради подобар преглед, црковната историја во овие краеви би можела да се поделиме во три главни периоди.

Прв период

Првиот период почнува со појавувањето на Христијанството во Европа. Значи во времето на св. Апостол Павле. За тоа дека христијанството било присутно во овие краеви говори и податокот, дека на Никејскиот собор (325), меѓу потпишаните соборски отци, се среќава и името на бискупот Дакос од Скупи (Скопје). Бискупот Дакос се споменува како митрополит на чело на покраината Дарданија, чиј главен град е Скопје, а се простира од Ниш па сe до Велес. Постоењето на митрополија нe упатува кон една јасно дефинирана црковна организација во покраи­ната на чело со митрополит и повеќе бискупи.
Овој период може да се нарече „златен период“ за оваа покраина. Подоцнежните писатели споменуваат пет дие­цези во склоп на провинцијата Дарданија. Меѓу потпишаните во писмото, што дарданиските бискупи му го прати­ле на Папата Гелазие (492), се наоѓаат имињата на шестмина бискупи.

Втор период

Вториот период е карактеризиран со немирни состојби и преоѓање на овие краеви од раце во раце на разни нови владетели.
Со доаѓањето на Турците настапува еден тежок период за христијаните во  овие краеви. Петвековното турско ропство остава тешки последици во диецезата. Но, сепак, во еден извештај во Рим кој датира од 1584, Скопје се спомнува како католички центар.

Трет период

Овој период се совпаѓа некако во времето на основањето на Конгрегацијата “де Пропаганда Фиде” (1622). Во овој период се посветува повеќе внимание на овие краеви.
Редоследот на скопските пастири од надбискупот Андрија Богдани (1651-1656) па сe до денес е непрекинат. Глав­но, сите резидирале во Скопје, иако многу пати биле присилени, поради турските зулуми, да го менуваат местото на своето престојување, сокривајќи се во непристапни места.
Сe до 1914 Скопје го носи насловот „Надбискупија“. Но, со конкордатот помеѓу Светиот Стол и кралството Србија (1914) тој наслов преоѓа на Белград. Последен надбискуп е Лазар Миеда сe до 1921 година кога е поставен за митрополит во Скадар.
Во 2000 година Светитот Отец Папа Иван Павле II ја одделува Скопската од Призренската бискупија и денес нејзината јуриздикција се протега на целата територија на Р. Македонија.