Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

28.05.2017г. директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска учествуваше на канонизацијата на Епископот Велички Гаврил Светогорец  за светител.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во списокот на светиите го впиша епископот велички Гаврил Светогорец.


Одлуката на САС на МПЦ – ОА беше објавена на светата архиерејска литургија што се одржа во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, а со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од Синодот.

Беше прочитано житието и беа изложени светите мошти на епископот велички Гаврил Светогорец кои во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип пристигнаа од манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Лесново.

Г.г. Стефан пред епископите, монасите, свештениците и верниците кои пристигнаа од сите краеви на земјава, рече дека покрај постојаната молитва и строгиот монашки подвиг отец Гаврил го краселе и неуморната посветеност, дарбата за предвидливост и грижата за духовноста на македонскиот род.

– Дел од нас беа сведоци, а до другиот дел допираат сведоштвата за чудата со кои Бог го прослави овој свој угодник и за време на животот, но и по упокојувањето како посветен во таа низа на знаци што Бог ни ги допушти како на црква за да ја препознаеме светоста на епископот Гарврил, рече г.г. Стефан.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска потенцира дека епископот велички Гаврил Светогорец беше човек кој што беше урнек за тоа како треба да се однесува еден православен христијанин, како се крепи дихот на македонскиот народ, јазикот и идентитот.

– Отецот и светецот Гаврил е само пример како треба да продолжиме во вакви тешки и темни времиња. Сакам да кажам дека ова не и ништо случајно што се случува сега, во овој миг да го прогласуваме за светец Гаврил Светогорец, рече Божиновска.