Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

24.05.2017г. по повод денот на сесловенските просветители и учители СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ, директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки до неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. стефан

 

 

 

 

 

ДО

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г. Г. СТЕФАН

 
ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

Ваше Блаженство,

 Ми претставува особена чест и задоволство, да Ви упатам Вам, како и на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Ма­ке­дон­ската Православна Црква - Охридска Архиепископија, срдечни честитки по повод Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј.

Ова е ден кога се потсетуваме на големината на Браќата Свети Кирил и Методиј, се потсетуваме дека сме нивни горди наследници и дека ние сме тие кои го продолжуваме нивното завештание да вложуваме во сопственото образавание, но и да ја продолжиме нивната света мисија-ширењето на писменоста.

Заложбите на светите браќа Кирил и Методиј се воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет. Нивното дело за промоција на правото на богослужба на националните јазици на народите, стана светол пример за многу народи, исцртувајќи ја културната и верската карта на целиот свет.

На прашањето што треба да направиме ние за јазикот, во време на слобода и демократија, во постојна држава, во време на големи предизвици, одговорот треба да биде едноставен - само да го чуваме, негуваме и почитуваме, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција, нашата историја и меморија, го воздигнуваме нашето име и идентитет, одавајќи им на тој начин достојна почит за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нека е за многу години големиот празник.

  

Директор

  Проф. д-р Валентина Божиновска