Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

04.10.2018г. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) како надлежна државна институција за прашањата поврзани со религиите и верската сфера ги осудува вандалските и садистички постапки на непознатите сторители кои се изживувале врз животно и испишувале сатанистички симболи на јавни површини и на православни храмови, сцена која разбирливо предизвика вознемиреност кај граѓаните.

 

 Апелираме сите граѓани кои имаат сознанија за активност на поединци или групи, кои спротивно на закон дејствуваат и пропагираат учења кои не се прифатливи за нашето општество од етички, обичаен и морален аспект истите веднаш да ги споделат со нас, а се во заштита на јавниот интерес.

 

Во контекст на истото ја информираме јавноста дека во Република Македонија има 37 регистрирани верски групи согласно закон, и дека истите целосно го почитуваат правниот поредок. Долги години до Комисијата не е стигната поплака за појава на група која дејствува во таков контекст. Се надеваме дека и предметниот случај целосно ќе се расветли.

 



КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 
ДИРЕКТОР

М-Р ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ