Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

05.01.2018г. комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи по повод големиот христијански празник рождество христово-божиќ упати честитки до поглаварот на мпц-оа г.г.стефан, до светиот архиерејски синод како и до сите православни верници.

 

 

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г. Г. СТЕФАН

 

                            

 

Ваше Блаженство,

 

 

Дозволете Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепис­ко­пија, целото свештенство и монаштво, како и до сите православ­ни верници во земјава да упатиме искрени честитки по повод голе­миот христијански празник - РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ.

     Празникот Рождество Христово-Божиќ е најсветлиот праз­ник, остварување на божјиот завет за спасение на целото човештво и симбол на еден нов почеток, со кој започнува живот втемелен на заедништво, љубов и почит кон другиот. Денес, Македонија покажува цврста вера и силен стремеж во изградбата на општество втемелено на почит на различностите, религијата и правото на вероисповед кои се составен дел и на европските и светските вредности и приоритети. Затоа е важно да бидеме сите обединети, да ја почувствуваме истата онаа радост и надеж која на денешен ден, со раѓањето Христово, ги осветли срцата на сите луѓе во светот. Преку единство, низ дијалог, со силна вера и меѓусебно почитување, да ги надминеме сите сегашни и идни предизвици и на празникот Божиќ прво да го изградиме мирот во себеси, а потоа тој мир и таа љубов да ги споделиме со другиот. Празничното божиќно чувство да ни биде патоказ во животот, наша гордост и достоинство како народ кој мирољубиво чекори во создавањето на едно слободно и праведно општество.

Во духот на православието, овие празнични денови нека вне­сат мир во секое срце, во секој дом топлина, радост во душата,  и нека бидат поттик за зацврстување на единството и почиту­вањето помеѓу сите луѓе.

 

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Нека е за многу години празникот!

 

 

 

КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ