Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
честитка од директорот на ковзрг г-дин даријан сотировски до проф. д-р горги гоце дуратовски





Почитуван,

Со голема радост ја примивме веста за Вашето прогласување за почесен доктор на Летонската христијанска академија. По тој повод, дозволете, од мое име како како директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), како и во името на граѓаните на Република Македонија да Ви го честитам Вашето големо достигнување во научната сфера.

Вашиот личен успех е и успех на нашата татковина. Успех, кој нè прави горди и препознатливи во светската јавност, бидејќи со Вашиот придонес во Високото образование и во афирмација на христијанските вредности во Летонија и на европскиот континент воопшто, како Македонец, Вие сте и културен амбасадор на нашата земја Република Македонија пошироко во светот. Искрено ги цениме Вашите досегашни професионални достигнувања и ангажмани, како и педагошкиот метод во поле на калиграфијата, христијанската палеографија и краснопис. Исто така, особено значајни се Вашите добри релации со Летонската православна црква, кои можат да се прошират со Ваше залагање и кон Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Ви ја искажуваме заслужената почит како на основач и директор на Скрипториумот при Летонската христијанска академија и Ве поттикнуваме во Вашиот стремеж да ги негувате христијанските уметности и вредности, во развојот на истражувањата на писмата од христијанската ера и во афирмирањето на македонското писмо и христијанската палеографија.

Направете нè го горди со нови научни успеси.

До скоро видување! 

 

                     Со почит,                                                                                                                Директор

                                                                                                                                                   м-р Даријан Сотировски