За нас

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) е самостоен орган на државна управа, надлежен за прашањата од верската сфера во државата. Со Комисијата раководи директор како именуван функционер од Владата.

Комисијата своите почетоци ги има уште пред ослободувањето за времето на Втората Светска војна односно најпрво се јавува како верско поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Со наредба на командантот на Главниот штаб Михајло Апостолски за прв верски референт бил назначен Вељо Манчевски. По ослободувањето, во сојузната држава Југославија во чиј состав била Македонија, биле формирани републички верски комисии. Во Македонија Републичката верска комисија ја предводел Епаминонда Поп Андонов.

Низ годините што следеле ова верско поверенство прераснало во државна институција која пребродила различни историски епохи, посветено работејќи за унапредување на верските слободи и права во Македонија, како и создавање на услови за соработка на верските заедници со државата, особено значајно во мултиконфесионална држава со религиозно население.

Сите истражувања на јавното мислење укажуваат на висок процент од граѓаните (над 90%) кои се изјаснуваат како религиозни. Република Македонија пред светот може да се пофали со своето бесценето културно наследство, кое пак во најголем дел е под јурисдикција на верските заедници. Историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква. Општественото живеење пулсира во различности, а граѓаните се најсензитивни при нарушувања на меѓуконфесионалните односи, односно верските прашања, имаат потенцијал да прелијат и меѓуетнички тензии. Светот е во постојана закана од насилниот екстремизам, кој често е последици на верски радикализам и фанатизам. Нашата дијаспора која е раширена насекаде низ светот е организирана преку верски општини. Нашата етно култура е обоена со манифестации кои се верски детерминирани. Во Македонија активно функционираат околу 40 верски заедници. Македонија годишно ја посетуваат стотици странски мисионери. Учениците во основно образование имаат можност да го изучуваат предметот етика во религиите. Меѓународни билатерални односи на Република Македонија со значајни држави партнери често се определени и со односот што државата го има со верските заедници, како на пример Израел, Ватикан, Турција итн. Македонија сеуште нема воспоставено капеланска служба во здравствените институции, армијата, казнено-поправните институции, што е случај во сите држави членки во НАТО алијансата. Верскиот туризам е нашиот најсилен адут во целокупната туристичка понуда. Македонија ги дала Св. Кирил и Методиј и Св. Мајка Тереза прочуени во целиот свет. Односот на државата кон верските слободи и права е следен од респектабилни меѓународни инстанци. Сето ова фрла светло врз значењето што Комисијата за односи со верските заедници го има во нашето општество.

Сите истражувања на јавното мислење укажуваат на висок процент од граѓаните (над 90%) кои се изјаснуваат како религиозни. Република Северна Македонија пред светот може да се пофали со своето бесценето културно наследство, кое пак во најголем дел е под јурисдикција на верските заедници. Историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква. Општественото живеење пулсира во различности, а граѓаните се најсензитивни при нарушувања на меѓуконфесионалните односи, односно верските прашања, имаат потенцијал да прелијат и меѓуетнички тензии. Светот е во постојана закана од насилниот екстремизам, кој често е последици на верски радикализам и фанатизам. Нашата дијаспора која е раширена насекаде низ светот е организирана преку верски општини. Нашата етно култура е обоена со манифестации кои се верски детерминирани. Во Македонија активно функционираат 37 верски заедници. Македонија годишно ја посетуваат стотици странски мисионери. Учениците во основно образование имаат можност да го изучуваат предметот етика во религиите. Меѓународни билатерални односи на Република Македонија со значајни држави партнери често се определени и со односот што државата го има со верските заедници, како на пример Израел, Ватикан, Турција итн. Македонија сеуште нема воспоставено капеланска служба во здравствените институции, армијата, казнено-поправните институции, што е случај во сите држави членки во НАТО алијансата. Верскиот туризам е нашиот најсилен адут во целокупната туристичка понуда. Македонија ги дала Св. Кирил и Методиј и Св. Мајка Тереза прочуени во целиот свет. Односот на државата кон верските слободи и права е следен од респектабилни меѓународни инстанци. Сето ова фрла светло врз значењето што Комисијата за односи со верските заедници го има во нашето општество.

Фокусирани кон целите, со силна верба, продолжуваме напред!