Во Скопје со повеќе свечени активности беше одбележана 76 годишнината од депортацијата на македонските Евреи.
На ден 11. 03. 2019 година во Скопје со повеќе свечени активности беше одбележана 76 годишнината од депортацијата на македонските Евреи, во организација на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот. Чествувањето започна со полагање на цвеќе пред споменикот на 7. 144 депортирани македонски Евреи, кај поранешниот скопски Монопол. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски по полагањето на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во НОБ на Градските гробишта - Бутел се обрати пред присутните делегации.
Потоа чествувањето продолжи со Македонскиот народен театар, каде се одржа комеморативна свеченост на која свои обраќања имаа премиерот Зоран Заев, претседателката на Еврејската заедница Берта Романо Николиќ, Рабин Ендрју Бејкер, директор за меѓународни односи во Американскиот еврејски комитет, Роберт Сингер, потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес и Зеев Елкин, министер за Ерусалим и за заштита на животната средина на Израел.
По комеморацијата во Меморијалниот центар на холокаустот беше отворена постојана изложбена поставка.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}