Имавме средба со продеканот за наука на Факултетот за безбедност при УКЛО доц. д-р Марјан Ѓуровски. Верската радикализација е само мал сегмент од широкото поле за соработка во следниот период.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски оствари средба со Продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност при УКЛО доц. д-р Марјан Ѓуровски.
На средбата Директорот се заблагодари за партиципацијата на Факултетот за безбедност и нејзините студенти во испитување на јавното мислење кое го спроведува оваа институција. Воедно стана збор за реализација на заедничка конференција каде дел од резултатите кои ќе бидат презентирани со анализа на прашања што дел опфаќа во својата област и Факултетот за безбедност - Скопје.
Покрај тоа се разговараше во иднина да се потпише Меморандум за соработка и заеднички да се организира дебата за влијанието на верските заедници и религиозни групи врз безбедноста, со посебен акцент на верската радикализација, дерадикализација и ресоцијализација во општеството. Од страна на Директорот беше искажана подготвеност заедно со Факултетот за безбедност-Скопје преку истражување и организирање на заедничка дебата да се отвори прашањето за капелани во безбедносните-одбранбени институции и пенитенцијарните установи во земјата.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}