На барање на медиумите Комисијата за односи со верските заедници во врска со спроведениот попис на населението го изнесе својот став
Резултатите од спроведениот попис на населението во делот за религиска определба на граѓаните не соодвествуваат со реалната верска карта на теренот, а ова е условено од два фактори, тоа се процентот од 13,21% изјаснети како христијани, што е религиска припадност, која инкорпорира вероисповедување преку деноминациите, како и процентот од 7,2 на граѓани за кои не се внесени детални пописни информации. Ваквата слика ќе остави нејасен формален впечаток за верската карта во државата, иако цениме дека во делот на православните христијани на теренот не дошло до намалување на процентуалната застапеност. Нејасно ќе биде и тоа што во Единствениот судски регистар имаме 42 регистрирани верски субјекти, кои припаѓаат на различни вероисповести, а во резултатите немаме соодветна нивна претставеност.
Државниот завод за статистика има преземено методологија согласно демократските принципи и стандарди, која предвидува изјаснување за припадност во слободно поле, а не избор од понудени опции, а Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи не беше консултирана во однос на истото во периодот пред почетокот на пописот.
Несоодветноста на резултатите е прашање кое заслужува анализа од стручни лица, но сигурно дека причини треба да се бараат и во мотодологијата, неедуцираноста на попишувачите и попишуваните, како и на политиката на бојкотирање.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}