Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод црковно-државниот празник.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото и до верници од православна вероисповед, честитајќи им го празникот Свети Климент Охридски.
Дозволете ми од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, до свештенството и монаштвото, како и на сите верници во земјата и во странство, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот црковно-државен празник - СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ.
Силата на словото на нашиот патрон, неговиот лик и дело нека ги поттикне на добри дела сите луѓе. Да бидеме светило на светот кое по своите добри дела насекаде ќе зрачи со духовност, почит и разбирање.
Токму затоа, во срцата кај секој еден човек силно нека одекнуваат Климентовите зборови: „Тргај се од злото и прави добро!“
Нека е честит и вековит големиот празник свети Климент Охридски!