Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи согласно законските прописи за престој на странски државјани во Република Македонија и согласно одредбите од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, член 18 став 3, издава одобрениja на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи за вршење на богослужба, молитва и други манифестации на верата. Барањето за издавање на одобрение заедно со останатите задолжителни документи се поднесуваат лично во просториите на Комисијата или по електронска пошта. Во случај на електронско аплицирање документите задолжително се скенираат во PDF формат и се испраќаат на електронската адреса на Комисијата. Одобрението се издава за лица кои прв пат престојуваат во Републиката или за продолжување на престојот.
доказ за уплатена административна такса (при електронско аплицирање се испраќа скенирана, а при подигнување на решението се доставува во оригинал
копија од патна исправа
договор за волонтирање
договор за закупнина на стан
доказ за завршено теолошко образование
програма на активности
БАРАЊЕ за издавање на одобрение за престој на странски државјани за вршење на богослужба, молитва и други манифестации на верата
Електронска адреса за апликација:
kovz@kovz.gov.mk
Задолжен службеник:
Огнен Коцевски
Телефон:
02/3226-777
News letter е нов проект на Комисијата. Доколку сакате во вашето сандаче за електронска пошта да примате вести од верската сфера од државата и странство, информации за активностите на Комисијата и други сродни институции од странство, се што треба да направите е да се зачлените преку впишување на Вашата e-mail адреса во полето, а со тоа Комисијата по електронски пат ќе Ви ги испраќа сите информации.