Во Охрид претставена програмата за милениумскиот јубилеј.
Денес од Охрид на прес-конференција за медиумите директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, градоначалникот на општина Охрид г. Јован Стојаноски, шефот на оркестарот на Македонската филхармонија г. Горан Муратовски и претставник на Македонската православна црква – ОА, о. Бобан Митевски оддржаа заедничка прес конференција во која ја претставија програмата за одбележување на милениумскиот јубилеј „1000 години од формирањето на Охридската архиепископија“.
Програмата е сочинета од низа настани кои треба да се случат во периодот од мај до докември.
Државата треба достојно да ги одбележува сите историски значајни настани, а тоа е во јавен интерес. Составена е програма која е прилагодена за различни интересовни и возрасни групи. Во програмата има културни, научни, уметнички како и спортски настани, издавање на публикации кои ќе наидат на голем интерес кај граѓаните, настани кои сметаме дека ќе го приближат значењето на Охридската архиепископија до граѓаните.
Ги покануваме граѓаните од целата држава да го посетат градот Охрид за време на централната свеченост и да бидат дел од одбележувањето на милениумскиот јубилеј. На 27 мај во Катедралниот храм на охридските архиепископи Св. Софија ќе се одржи свечена академија, во покровителство на претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, а пригодни обраќања ќе има државниот и црковниот врв. Вечерта ќе се одржи и свечен концерт на камерниот оркестар на Македонската филхармонија. На 28 мај во храмот Св. Софија со почеток во 9 часот ќе започне литургиското чествување, чиноначалствувано од Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ-ОА, свештенството и монаштвото. Градот Охрид програмата ја надополнува и со културни настани кои ќе се случуваат во периодот од 24 мај до 28 мај во центарот на Охрид.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}