Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Јом Кипур.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателот на Евреската верска заедница г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Јом Кипур.
Почитуван претседател, почитувани верници,
Дозволете од името на Комисијата за односи со верските заедници и од свое лично име упатувајќи Ви вам и на членовите на вашите семејства изрази на високо почитување, да упатам искрени и срдечни честитки по повод големиот празник Јом Кипур.
Ви посакувам мирен празничен ден исполнет со радост, споделена во кругот на семејството, онаму каде што се чуваат спомените, се умножуваат радостите и се мотивира смелиот поглед кон иднината.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}