Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки по повод празникот Рождество Христово - Божик до Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан.
Ваше Блаженство,
Дозволете Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, целото свештенство и монаштво, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник - РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ.
Се надевам дека празничните денови нема да ни ја одземат свесноста, па и во овие денови ќе се сетиме на оние кои денес немаат со кого да ја споделат радоста или се соочуваат со искушенија. Светската современа општествена заедница е втемелена на христијанските постулати за заедништво и солидарност, а луѓе сме тогаш кога човечноста во нас тоа го потврдува.
Ви посакувам љубовта и мирот кој ги носи овој голем христијански празник со себе да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија.
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}