На заупокоената миса присуствуваше и директорката на Комисијата за верски односи и религиозни групи, г - ѓа Оливера Трајковска.
Во спомен на папата Франциск на 5 мај 2025 година, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје Апостолскиот нунциј во Македонија, Н.Е. монсињор Лучано Суриани, во заедништво со Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов, служеше света Литургија за упокоение на душата на Неговата Сесветост. Со нив сослужуваа катедралниот парох дон Винко Маслаќ, директорот на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов, отец Христофер Сајлер, соработник во нунцијатурата, катедралниот капелан Томислав Рукавина, дон Томаш Бак и отец Тони Ангелов.
На заупокоената миса присуствуваа : директорката на Комисијата за верски односи и религиозни групи, г - ѓа Оливера Трајковска, амбасадорката на Украина во Македонија, Н.Е. Лариса Дир, поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Срѓан Керим, поранешните амбасадори на Македонија во Светиот Престол Иван Ангелов, Бартоломеј Кајтази и Звонимир Јанкуловски.
Во текот на денот во катедралата од 9:30 до 18:00 часот беше отворена Книга на жалост во која се потпишаа голем број на свештеници и верници, државни претставници и граѓани.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}