Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ македонската државна и црковна делегација оствари посета на Италија и Светиот престол, каде беше примена од страна на Светиот отец папата Франциск. Дел од делегацијата беше и Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
Македонската државно-црковна делегација предводена од Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.
Како дел од делегацијата на средбата присуствуваше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски.
На средбата беа истакнати одличните билатерални односи, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.
Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Северна Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.
Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.
По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.