Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на чествувањето на Светите Петнаесет тивериополски маченици.
По повод празнувањето на Св. Петнаесет тивериополски маченици , на покана на викарниот епископ г. Јаков Стобиски и градоначалникот на општина Струмица г -дин Костадин Костадин, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на дводневното чествување на празникот.
На 10.12.2024 година во манастирот беше отслужена празнична вечерна на која претстоеше Неговото Високопреосвештенство митрополитот захумско - херцеговачки г. Димитриј од СПЦ во молитвено присуство на Високопреосветените митрополити г. Дамаскин од Православната Црква на Грција и викарниот епископ Стобиски г. Јаков.
Владиката Дамаскин донесе честица од моштите на Св. Вмч. Димитриј Солунски кои беа изнесени за целивање и поклонение на верниот народ на вечерната служба.
На вечерната служба присутен беше Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници Оливера Трајковска, советници, директори на институции и голем број на верници.
Струмичката Православна Епархија го награди градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов и Советот на Општина Струмица со столен медал на Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, од редот на Светиот Македонски Крст за несебично залагање, помагање и афирмирање на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија во нејзиното општествено функционирање и мисија.
Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум и викарниот Епископ Јаков, признанијата им беа врачени на Свечената академија која што се одржа во манастирот во Водоча на која присуствуваа: градоначалниците на Ново село, Дојран и Василево, Ѓорге Божинов, Анго Ангов и Славчо Андонов, претставници на Советот на Општина Струмица, директори и претставници на јавни и општински институции, претставници на јавниот и политичкиот живот во Струмица.
На 11.12. 2024 година беше отслужена Света Боженствена Литургија во манастирот "Св. Петнаесет тивериополски маченици". Исто така беше одржана Свечена седница на Советот на Општина Струмица ви домот на културата " Антон Панов" во присуство на митрополитите, пратеници, советници, странски делегации, градоначалникот Костадин Костадинов и директорката на КОВЗРГ Оливера Трајковска.