Мирот и соживотот се најважни. Со верски речник „Бог не го радува ниту бројот на цркви, ниту висината на минарињата, ниту големината на храмовите или гласноста на молитвата“ - дел од изјавата на Директорот на КОВЗРГ за Тв - Клан по повод писмото од ИВЗ.
Сите верски заедници во државата, а особено нивните челници мора да го имаат во предвид најпрво нивниот кохезивен потенцијал. Со други зборови, мора постојано да делуваат со сите капацитети кон зајакнување на општествената кохезија во нашето мултиконфесионално општество. Процесот на градење доверба мора да биде континуиран и пропратен со многу консензуси и разбирање. Оттаму ниту еден ултиматум или едностраност во изнаоѓањата на решенија за отворени прашања во општеството не се соодветно решение. Замислете кога сите верски заедници би поставувале ултиматуми до другите верски заедници или до државата, се разбира за очекување би било дека решенијата ќе бидат се подалеку, а довербата и кохезијата би опаѓала. Католичката црква има отворени прашања во с. Паљурци, МПЦ-ОА има отворени прашања во с. Октиси, с. Пешталево, имотот на манастирот св. Наум е одземен, Еврејската заедница има отворени прашања во Битола, протестантските цркви имаат безброј имотно правни проблеми и така натаму. Но, секогаш мирот и соживотот се најважни. Со верски речник „Бог го радува чинот на подавањето рака, а не бројот на цркви, висината на минарињата, гласноста на молитвите, големината на храмовите“.
Како власти силно веруваме во концептот на едно општество за сите. Убеден сум дека граѓаните припадници на различна вероисповед се зрели и свесни дека само заедно, преку почит и стекнување меѓусебна доверба можеме да обезбедиме подобра иднина. Исламот е религија која учи за солидарност, хуманост и го истакнува значењето на семејството. Овие вредности ги живеат многу генерации муслимани во нашата земја. Суштината е дека меѓу верниците нема проблеми ниту омраза. Се разбира дека има прашања чие решение го посакуваат многумина верници од различна вероисповед, а по таквите решенија се доаѓа со смиреност и посветеност.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}