Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на хуманитарниот настан насловен како "Македонија за Африка".
Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска на ден 21. 02. 2025 година присуствуваше на хуманитарен настан насловен како "Македонија за Африка", кој е во организација на пасторите Живко Барбутов и Филип Иванов.
Таа имаше воведно обраќање пред присутните гости и зборуваше за улогата на милосрдната дејност во рамки на нашето материјализирано секојдневие.
Идејата за настанот произлегува од милосрдната дејност на овие двајца пастори, кои тринаесет години беспоштедно, ризикувајќи го својот живот, помагаат на сирачиња, вдовици и дечиња кои немаат елементарни услови за живот.
Благодарение на нивната сестрана ангажираност; во Уганда се отворени училишта, интернет кафе, обезбедени се соларни панели, храна и образование.
На денешниот настан беа изложени сувенири и накит, изработени од вредните раце на децата и вдовиците во Африка, а средствата ќе бидат наменети за опремување на училиштата и сиропиталиштата.
Исто така, беа презентирани предвидените проекти за 2025 година: "Посвој дете", "Стручно образование", како и тековните проекти за сиропиталиштата и училиштата.
Во Македонија има луѓе со големо срце чијашто добрина не познава граници.